Диети

По 16 часа гладуваат и вежбаат шест пати во неделата – познатите холивудски актерки ја открија тајната на својот младолик изглед

Реклама
Реклама

Рис Витерспун и Џенифер Анистон имаат поинаква техника за одржување на својот младолик изглед – гладување.

Фото: Инстаграм/ Рис Витерспун

Џенифер (50) и Риз (45) која е мајка на три деца, се држат стриктно до техниката на гладување или како што тие го нарекуваат пост кој трае по 16 часа на ден. Потоа јадат зелено смути и вежбаат по шест пати во неделата.

Еднаш во неделата им е дозволено и да го прекршат ова правило и да јадат нешто што не е дозволено според оваа диета.

Маркетинг

Тие за Тајмс радио изјавија дека никогаш и никако не јадат пржена храна и дека никогаш не појадуваат.

Фото: Ројтерс

„Повремено постам, што значи дека нема појадок. Забележав дека многу ми е убаво така. 16 часови без цврста храна“, изјави Џенифер Анистон. „Само наутро понекогаш ќе се напијам зелено смути и кафе“, додаде Рис.

Маркетинг

Џенифер порано се придржуваше до режим во кој јадеше по пет помали оброци дневно, за да во последно време премине во таканаречената 16:8 исхрана или гладување. Таа за да се придржува успешно до оваа диета, никогаш не станува пред девет часот наутро. За разлика од неа Рис станува секое утро во 5.30 поради својот син, па за појадок пие сок и кафе и почнува со вежбање од 7.00 часот наутро.

Фото: Инстаграм/ Рис Витерспун

Правилата на исхраната 16:8

Правилата на оваа диета е да гладувате 16 часови, додека 8 часа потоа може да јадете се што сакате. Но тој период мора да биде од 10 до 18 часот навечер.

Покрај губењето килограми се верува и дека ваквото гладување го регулира шеќерот во крвта, го зголемува работењето на мозокот и помага подолго да живееме.

Според нутриционистите, последен оброк треба да биде во 18 часот, а првиот околу 10.

Џанифер најпрво ќе испие сок од целер, па ќе вежба или медитира, и дури потоа појадува и така секој ден.

Извор: Informer.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button