По 13 години брак се разведе, па сега не престанува со провокациите на Инстаграм – Гранд ѕвезда повторно го „руши“ интернетот
Пејачката е решена повторно да ја освои сцената.

Пред да го промовира своето најново видео, фолк пејачката Сања Стојановиќ стравуваше дека боледува од рак. Но биопсијата покажа дека нема место за загриженост и дека е потполно здрава.
По ова ѕвездата што се прослави со своите настапи во музичкото шоу „Гранд“ одлучи да стави крај на својот брак и по 13 години се раздели од сопругот.
Сања од овој брак има две деца – син и ќерка. Планира наскоро да се исели од станот во кој досега живееле заедно. Но и покрај проблемите низ кои минува, таа одлично се држи, а за тоа сведочат и нејзините фотографии на Инстаграм.

Имено, таа објави неколку „пикантни“ изданија на оваа социјална мрежа со кои предизвика внимание кај публиката.
Таа кога прв пат се појави пред камерите беше црнка и изгледаше поинаку. Денес е русокоса, а по непријатната ситуација што и се случи додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, кога на интернет се појави нејзиното приватно видео, таа не се криеше од јавноста.

„Не бев спремна да се носам со тие работи во тој момент. Сега не ми е проблем за тоа и нешто да кажам, прокоментирам, но тоа тогаш за мене беше невозможно. Тогаш имав само 20 години. Незрелоста и неискуството го направи своето, а сега, со 30 и кусур, поинаку размислувам“, изјави отворено пред неколку месеци Сања за „Еспресо“.

Таа зборуваше и за нејзината постара ќерка, која има 12 години и со која наскоро планира да позборува на оваа тема.
„Мислам дека е време да го направам овој разговор со неа“, изјави во своето интервју Сања.