Пијанистот Симон Трпчески објави преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Виртуозот на пијано покажа каков подарок добил за роденден.
Симон Трпчески е најдобриот пијанист во земјава, но и пошироко.
Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на овој факултет.
ФОТО: Фејсбук / Симон Трпчески
Настапувал на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Њујорк, Сиднеј, Токио, Хонг Конг и др.
На гостувањето во Америка во 2007 година беше прогласен за најголемо чудо од Македонија по Александар Македонски.
ФОТО: Фејсбук / Симон Трпчески
Со својата уметност и виртуозност, Симон Трпчевски стана вистински амбасадор на Република Македонија ширум светот.
Пораснал во семејство во кое се негувала љубовта кон музиката, посебно кон староградска песна.
ФОТО: Фејсбук / Симон Трпчески
Не е многу активен на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели по некоја фотографија и од приватниот живот.
Повеќе од деценија е во брак со сопругата Даниела, а плод на нивната љубов се ќерката Лара и близнаците Андреј и Стефан.
ФОТО: Фејсбук / Симон Трпчески
На 18 септември Симон го прослави 44-тиот роденден.
На Фејсбук што за него е најубав подарок за роденден годинава:
„Фантастичен подарок за мојот роденден, на летот со Луфтханза на пат за Канада!
Мојот албум „ПРИЈАТЕЛСТВО“ е објавен во Музичкиот магазин Луфтханза!!!
Снимен е заедно со моите колеги во време ога Ковидот беше во полн ек, во Македонската радио-телевизија и во Британија, со толку многу љубов, меѓусебно разбирање и доверба во човештвото!
Ви благодарам и на здравје за сите љубители на музиката“, напиша Симон.