Пипа пред нешто повеќе од една година се омажи за поранешниот возач на тркачки автомобили, а денес менаџер Џејмс Метјуз.
Таа во јуни објави дека го очекуваат првото бебе, а како и нејзината сестра, не сака да го дознае полот на бебето се додека не се породи. Таа веќе е длабоко во третото тромесечје, а деновиве заедно со својот сопруг беше фотографираа додека беа на нивниот заеднички одмор во Тоскана.
Според фотографиите сестрата на Кејт Мидлтон изгледа здраво и блеска во бременоста, па дури и кога е во костим за капење. Обожавателите единствено малку му замерија на Џејмс што не и помага на својата сопруга да се намачка со крема за сончање, па ја остави сама да се мачи додека тој читаше весник и гледаше во мобилниот.
https://www.instagram.com/p/BnTSeAOAHgW/?utm_source=ig_embed