Рецепти

Пинџур од везени пиперки по рецепт на нашите баби од кој прсти ќе си излижете – јадењата на Македонките немаат маана

Жените од Македонија се познати како сјајни домаќинки, а нивните рецепти, особено за зимница, се ненадминливи.

Реклама
Реклама

Сите љубители на црвени пиперки ќе го обожаваат овој пинџур по рецепт на нашите баби, сигурни сме во тоа!

Идеален е како прилог со кој било специјалитет, а може да го замени и вашиот оброк.

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Потребно ви е:

Маркетинг

1 низа везени пиперки

1 килограм компири

Маркетинг

150 милилитри масло

сол по вкус

3-4 чешниња лук

сушен црвен модар домат

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Подготовка:

Црвените суви пиперки убаво измијте ги, извадете ги рачките и ставете ги во тенџере да се варат додека не омекнат.

Ставете го лукот во аван и добро изгмечете го со толчник, а потоа додавајте ги сварените пиперки една по една, толчејќи ги.

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Сварените компири исечете ги на ситни коцки додека се топли и измешајте ги со лукот и пиперките.

Испечениот модар домат излупете го и додадете го во смесата.

Добро загрејте го маслото и потоа истурете го врз смесата, убаво мешајќи, па посолете.

На здравје!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button