Реклама
Наши ѕвезди

Пикантерии од љубовниот живот на Спасен Сиљаноски – еве каде ја запознал својата сопруга и зошто решил да ја земе за жена

Реклама

Италија е новиот европски шампион во фудбал. Натпреварот меѓу Италија и Англија заврши во корист на Италија која по 53 години повторно го однесе пехарот дома.

Тие беа подобри во изведувањето на пеналите, откако претходно натпреварот во 90-те минути заврши 1:1, а истиот резултат беше и во продолженијата.

Маркетинг

Македонскиот фолк пејач е голем љубител на спортот, па секако со нетрпение го очекуваше овој натпревар.

Како и повеќе мажи, тка и тој возбудено го чекаше крајниот резултат.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

За потсетување, ова беше прво Европско првенство на кое настапи и Македонија.

Пред да започне натпреварот тој напиша и статус на Фејсбук за да ја изрази еуфоријата.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

„Ајде навивачи прогноза за вечерва???

p.s. Сопругата ми дозволи по 2 пива на полувреме (се надевам дека ќе има продолжение и пенали )“, напиша Спасен, кој потоа сподели и фотографија на која се гледа како клечи на колена пред својата сакана, молејќи ја за пиво. Со својата натажена фаца ги насмеа сите.

„Ќе ја убедам? … Помагајте ке почне фудбалот“, напиша Спасен во опис на фотографијата.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

Спасен во многу свои интервјуа има истакнато дека неговото семејство е најскапоценото нешто кое го поседува.

Ја сака и почитува македонската традиција и се труди на своите деца да ги пренесе вистинските морални вредности.

Долги години е во брак со сопругата Ана.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

Круна на нивната љубов се нивните две дечиња, кои се на возраст од 5 и 7 години.

Тој на Фејсбук знае да ја покаже и својата романтична страна со која секогаш ја воодушевува публиката.

За својата сопруга секогаш има само пофални зборови. На Ана може да ѝ позавиди секоја жена.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

„Фала му на Бога живееме во една прекрасна хармонија, ниеден брак не е совршен, имаме полемики и недоразбирања, но секогаш завршуваат со прекрасен крај, прегратка и бакнеж“, откри Спасен во „Магазин“.

Она што малкумина го знаат е дека Ана и Спасен се запознале на едно многу мрачно место, но сепак се родила голема љубов.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

Тој откри и што било клучно за да сфати дека Ана е жената на неговиот живот.

„Јас се што е поврзано околу мојот живот е интресно, кога раскажувам луѓето мислат дека се уфилмувам. Јас и мојата сопруга се имаме запознаено во Аушвиц. Во најмрачното место се роди љубов. Јас бев како музичар во Полска во концентрациониот логор, а мојата сопруга како турист. Се запознавме, во тој период кога се вратив имав несреќен случај, мојата сопруга тогаш не ми беше сопруга, ми беше девојка доаѓаше скоро секој ден кај мене на посета и не одеше во училиште туку се грижеше за мене како мојата девојка.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјановски

Се сеќавам на еден муабет кој ми го кажа мојот кум, повозрасен од мене, човек со високи морални вредноста, ми рече кога ќе бараш девојка кога ќе дојде време да се жениш немој да ја гледаш надворешната убавина. Побарај девојка кога ќе дојде време кога ќе имаш потреба ќе ти свари барем еден чај да се напиеш. Тоа го видов во тие моменти и си дадов во себе ветување дека кога ќе оздравам и ќе ја напуштам болницата ќе ја запросам. До ден денес ја одржуваме љубовта. И да се врати времето повторно би го направил истото, ништо не би променил“, кажа Спасен.

Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук / Спасен Силјаноски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button