Пејачот Јордан Митев ја освои Австралија – влезниците распродадени, бакшиш му лепат од сите страни
Јордан Митев свири на гајда, сонцето од Кутлеш се вее, а нашинците се веселат и уживаат за сите пари
Распродаден уште еден концерт на Јордан Митев во Австралија
Македонската фолк-ѕвезда Јордан Митев овој петок, 20 октомври, има закажано настап во Мелбурн, Австралија.
Од она што може да се види од неговите објави на социјалните мрежи, влезниците за овој настан се распродадени со огромна брзина.
Покрај настапот во Мелбурн, Јордан има закажано уште неколку настапи, а неговата турнеја завршува во Перт, на 18 ноември.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
На социјалните мрежи веќе можат да се видат многу објави од нашинците во оваа прекуокеанска земја, кои биле на некој од овие негови настапи, и кои сега споделуваат снимки од истите.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
И додека Јордан ги забавува гостите со музика, тие играат оро и пеат заедно со него, а сеприсутно е и Сонцето од Кутлеш.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
Гостите се воодушевени, а на Фејсбук страницата на организаторите „Република Ентертејмент“, може да се види и како му даваат бакшиш.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
„Ова е прекрасно, најдобриот македонски фолк-пејач“, можат да се прочитаат коментари од презадоволните гости.
Инаку, цената на влезниците на неговите настапи се движат од 50-на па се до 100-на австралиски долари, а на оние концерти што биле распродадени нашите иселеници за да дојдат до влезници давале и неколку пати повеќе за да влезат и да можат да го гледаат во живо нивниот омилен фолк-пејач од Македонија.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
Моментално во Австралија на турнеја е и колешката Стојне Николова, а наскоро заминуваат и Наум Петрески, ДНК и Пајак.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
Како изгледа дел од атмосферата кога Јордан ќе запее и засвири на некој од инструментите, погледнете во продолжение…