Пејачот се појави на свадба и покажа како се води македонското оро, па се качи и на тапанот
Македонскиот пејач направи „џумбус“ на свадба.
Спасен им покажа на сите како се води македонско оро.
Пејачот на фолк музика Спасен Силјаноски важ за голем патриот и на неговите настапи претпочита да пее само македонски песни.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Многупати јавно го има искажано своето мислење и за колегите кои повеќе пејат странски песни на своите вирки.
Спасен во моментов е еден од најдобрите и најбараните пејачи кај нас и во дијаспората.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Неговата љубов кон македонската песна и кон она што го работи публиката го чувствува и токму затоа и е еден од најангажираните пејачи кај нас.
Неговите песни се пејат во еден глас, а каде и да настапува никој не остава рамнодушен.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Со својот глас успева да допре до срцето на народот.
На неговите профили на социјалните мрежи често споделува фотографии и снимки од неговото секојдневие.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Обожава да е меѓу својот народ и да ги развеселува луѓето со песна.
Досега сме го гледале зад микрофонот, а сега покажа како изгледа кога тој е гостин на свадба. Кога засвирија тапаните и зурлите не се возржа и веднаш се фати за орото.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Играше како вистински играорец, а потоа дури се качи и на тапанот.
Останатите гости беа воодушевени.