Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Наум Петрески објави една тажна порака од починатиот колега: Вистината на дело (фото)

Порака што ги растажи неговите фанови

Реклама

Вистината боли

Нашиот познат фолк-пејач Наум Петрески денес објави една тажна порака на социјалните мрежи.

Станува збор за цитата од неговиот колега, музичарот Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина пред две години, на 67 годишна возраст.

Маркетинг

„Фантазијата ме упропасти, луѓето секогаш ги замислував подобри од она што сé“, пишува во цитатот што го објави Наум.

Маркетинг

„Вистината на дело“, додаде кратко тој.

Инаку, цитатот е скратен дел од една мисла на познатиот пејач која често се споделува на социјалните мрежи.

„Фантазијата ме упропасти. Секогаш покрај ликовите измислував и карактери, боја на гласот, мали навики и омилени писатели, и никогаш тоа не се поклопи со нивните вистински особини. Секогаш луѓето ги замислував подобро од она што сé, и така некако и поминав“.

Во продолжение порочитајте уште неколку цитати од Балашевиќ…

„Ако жените одлучуваа за некои работи, светот ќе изгледаше поубаво. Можеби ќе имаше малку влечење коса, озборувања и други работи, но дефинитивно нема да има толку многу крв и зло колку што сме посеале ние мажите“.

„Неа не ја повредува тоа што не може да биде среќна со друг. Таа е повредена затоа што не може да биде среќна со тебе“.

Фото: Фејсбук

„Не, не сум изненаден, едноставно сум разочаран. Не те мразам, само ја изгубив причината да те сакам“.

„Нема да препознаете вистински маж, со кого ќе издржите, по неговиот изглед, по диплома, по интелигенција. Ќе го препознаете вистинскиот по начинот на кој тој ве држи за рака, како ве сака, како ве гушка – ниту премногу тешко за да ви застане здивот, ниту премногу слаб за да исчезне без трага. Вистинскиот ве држи какви што треба да бидете, за да знаете чии сте“.

Фото: Фејсбук

„Ниту една жена не е толку скапа, а да не може да се купи со искрена љубов. Но, не толку евтина за да се продаде за неколку лаги“.

Фото: Фејсбук

„Можеби не сум експерт веднаш да ги проценам луѓето, но дозволувам нивните јазици да им го одредат местото во мојот живот.“

Фото: Фејсбук

„Има тишини на кои се сеќавам повеќе отколку на најубавите зборови“.

Фото: Фејсбук

„Едно е кога копнееш по некого кој е далеку, а сосема друго кога копнееш за некој покрај тебе“.

Фото: Фејсбук

„Постојат милион градови во кои можеш да заминеш, но само еден во кој можеш да се вратиш.“

„Јас сум сонувач. Верувам во невозможното. Верувам во она „но“ секој пат кога ќе ми речат да не се залажувам. Бидејќи невозможното станува возможно, доколку доволно го сакаш.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button