Реклама
Вирално

Пејачот на душа ја носи жената што починала – колегите загрижени, еве што вели Саша Поповиќ за него

Саша Поповиќ откри што му кажал Ѓорѓе Давид веднаш по несреќата во која што загина едно лице

Реклама

Ѓорѓе Давид доживеа страшна сообраќајна несреќа

Познатиот музичар и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, остана без пасош откако судот во Куманово донесе одлука за привремено одземање заради сообраќајната несреќа во која загина Љ.Т. од Куманово, во непосредна близина на граничниот премин Табановце.

Маркетинг
Инстаграм/ 192.рс

Несреќата се случи во саботата, на 20 јануари.

Во несреќата учествуваа „волксваген поло“ со кумановски регистрации, со кое управувало Б.Т (24) од Куманово, потоа „волксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.П. (45) и „опел инсигнија“ со српски регистарски таблички, со кое управувало Ѓ.Н. (59).

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Во несреќата настрадала Љ.Т. (49) од Куманово, која била совозач во возилото марка „волксваген поло“,

Поранешниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, се слушнал со Ѓорѓе по несреќата и откри детали од страшниот настан

„Се слушнавме веднаш додека беше на лице место, му се јавив, се ми раскажа, повеќе од тоа не знам. Ми кажа дека мора уште неколку дена да остане таму заради процедурата. Во онаа магла и во оние услови налета на нешто што веќе се случило. Гледам дека му е најтешко што почина жена“.

„Не му беше ни до тоа што го шиеја, само жената да е жива. Вели дека неговиот автомобил е тотално оштетен, но има многу пријатели во Македонија, Врање, ќе се снајде за превоз до Белград.“

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Единствен проблем е што човекот носи на душа жената што почина. Како што кажа и јавниот обвинител, тој налетал од зад кривината, тој судар веќе се случил“ изјави Поповиќ за српскиот „Блиц“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button