Пејачот Мики Секуловски не сте го виделе во вакво издание – испливаа фотографии што ги изненадија сите
Пејачот што Македонците го обожаваат никогаш поубав
Фотографиите ги воодушевија неговите фанови
Македонскиот пејач Мики Секуловски по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ продолжи да ја воодушевува своите фанови.
Тој ова лето настапува како никогаш досега низ клубовите во Македонија, а за неговите настапи секогаш се бара влезница повеќе.
Мики беше гостин и на концертот на Цеца Ражнатовиќ што се случи пред неколку дена во еден познат клуб во Битола, а снимките од нивниот заеднички настап се уште се хит и се вртат на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но покрај неговите успеси на музички план, Мики овие денови ги изненади своите фанови и со фотографиите што ги објави.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, тој објави неколку фотки во кои позира во различни изданија, но стокмен од глава до пети така што изгледаше како манекен.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Пејачот во ова издание посебно ги воодушеви претставничките на понежниот пол, а како изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики вечерва ќе го одржи својот прв голем концерт по големиот успех што го постигна во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Концертот ќе се случи во неговиот роден град Велес, а специјални гости ќе му бидат Андријана Петрушовска и Омар Џаферовски од „Ѕвездите на Гранд“, како и пејачката Лина Пејовска.