Наши ѕвезди

Пејачот Душко Георгиевски долги години е во брак со македонската водителка: Нивните ќерки се нивната гордост – еве како изгледаат

Advertisement

Ќерката на македонскиот пејач Душко Георегиевски е доказ дека “крушата под круша паѓа”.

Advertisement

Душко редовно го гледаме во емисијата “Мерак меана” која во овие денови на пандемија, кога на народот му е ускратена можност да ужива во жива музика и свирки, ни ја стоплува душата со изведбите на најдобрите пејачи на македонските песни. М

ожеби малкумина знаат, но Душко долги години години е во брак со водителката Марија. Таа е уредник и водител на емисија од областа на економијата.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Неговата сопруга е како што вели негов најголем критичар, но и поддржувач. Забелешките кои му ги дава се обично се во делот на неговата ненаметливост вели тој.

Advertisement

Круна на нивната љубов се нивните две ќерки- Верче има 24 година, а Мила 18. Двете како што вели тој се многу музикални и имаат наследено талент за пеење.

Вели дека кога и самиот тој станал родител сфатил колку е важна улогата на родителот за детето.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Како што самиот изјави, пандемијата за пејачот била можност повеќе време да помине со своето семејство.
Неговата ќерка Мила веќе започна да ги следи неговите стапки и почна да се занимава со музика.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Таа почна да реди успеси, а гордиот татко не ја испушта можноста да се пофали со тоа на социјалните мрежи.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Таа освои прво место на меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари, а Душко тоа го сподели на Фејсбук.

“Гордост. Благодарност до професорката Сузана Шиошева Станковиќ за големиот влог и трпеливост. Прва награда за Мила Георгиевска”, напиша пејачот на Фејсбук.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Иако секогаш го гледаме расположен, насмеан и среќен, тој сепак зад себе крие навистина трогателна приказна.

Иако животот воопшто не го мазел и уште кога бил мал доживеал тpaгeдијa, тој сепак е пример како човек треба да се бори и кога е најтешко. Инаку, пејачот има две професии, па очигледно тоа што сега музичарите не аст настапи поради пандемијата не му падна тешко. За едната помалку се знае, а со другата на сите ни е добро позната долги години.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Георгиевски може да се пофали со импозантна кариера и како пејач, но и како адвокат.

Но, она што малкумина го знаат е тоа дека Георгиевски имал само 11 години кога тој и неговата сестра останале без родители. Тој морал да созрее побрзо од неговите врсници, затоа што немал друг избор освен да се бори.

По смр0тта на родителите, роднините му купиле флејта за да му го оттргнат вниманието и да нема време да мисли и да тагува. Животот многу рано му ја покажал суровата страна. Неговите родители зaгинaле во cooбраќајна несреќа, кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќале од одмор. На одмор биле со своите братучеди, а Георгиевску и сестра му останале дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината, вели Георгиевски.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Пејачот многу ретко, скоро никогаш не зборува на оваа тема, бидејќи како што вели не сака да предизвика чувство на сожалување кај луѓето.

Во едно свое интерјву откри дека тој и сестра му не присуствувале на погр-ебот на нивните родители. Она што најмногу го погодувало во тој период, вели пејачот, било кога од зад грб ќе слушнел како го нарекуваат „сираче“.

Дури 20 години од заминувањето на неговите родители од овој свет, пејачот на фестивалот „Цветници“ во 2011 година ја отпеа песната „Молитва” посветена на нив. Токму преку музиката и песната се обидел да ги искаже чувствата кои долго тлееле во него и не умеел да ги пренесе поинаку.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

„Преку стиховите „ѕвезди сјајни далечни што ми велите дали спокој најдоа родителите, дали сега горе се кај ангелите“ првпат јавно проговорив за мојата судбина и признав „колку свеќи восочни запалив, колку драги спомени во срце заклучив“ ветувајќи дека „со песнава молитва сега Ви подарувам, Вие тука в срце сте, јас продолжувам“, вели пејачот за „Женски Магазин”.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Неговиот татко бил правник во трговска фирма, а мајка му службеник во државна институција. По нивното заминување од овој свет пејачот и неговата сестра растеле со семејството на татко им. Пејачот вели дека секогаш ќе бидат благодарни што се грижеле за нив и не ги оставиле во Дом за згрижување на деца без родители.

Во процесот на образование, за него во тоа време одлучувале неговите роднини, а според нивните проценки, не музиката, туку правото била професијата со која според нив требало да се занимава Георгиевски.

ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук
ФОТО: Душко Георгиевски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button