Пејачот Дарко Лазиќ ја обвини поранешната сопруга дека поради неа не можел да дојде на роденденот на својата ќерка
Синот на Дарко Лазиќ, малиот Алексеј, се роди на 24 јуни, а неговиот татко веднаш го истетовира името на својот наследник
Пејачот не присуствуваше на роденденот на ќерката Лорена, која што ја има со пејачката Ана Севиќ, а за тоа како што изјави тој самиот, виновна е неговата сопруга.
„Тоа мојата поранешна сопруга го монтираше убаво! Да ме плукаат новинарите… требаше да и правиме роденден на Лорена при крајот на јуни, со тоа што и кажав да не биде викенд, бидејќи најверојатно ќе бидам зафатен. И кога се знаеше дека ќе работам, роденденот беше закажан и не можеше да се помести. Всушност не сакам ништо да зборувам, тоа е нејзина работа. Јас на своето дете ќе му направам роденден кога му е навистина, односно на 10 јули, во игротека тука, така што ќе прославиме како што треба“, изјави познатиот пејач кој се уште закрепнува од повредите по сообраќајната несреќа што му се случи при крајот на минатата година.
Инаку, Дарко останува при својата изјава што ја даде пред новинарите кога му се роди синот дека „ќерката е убава вест, но синот е нешто посебно“ со која предизвика вистинска бура од реакции и коментари.
„Синот е син, секако. Секој тако би сакал да има син. Ќерката е нешто друго, тоа е посебна љубов“, изјави пејачот за српските медиуми и откри дека би сакал и малиот Алексеј да тргне по неговите стапки и да стане пејач.
Тој на новинарите им ја покажа и својата нова тетоважа на која пишува „Мајко“ и откри дека свадбата со Марина Гагиќ ја планираат за следната година и дека медиумите ќе бидат благовремено известени за тоа.