Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Благоја Грујовски си оди од „Везилка“, ќе се изненадите кој доаѓа на негово место (фото)

Ова ќе биде големо изненадување за гледачите

Реклама

Популарниот пејач наскоро ќе заплови и во водителските води

Како што дознаваме од добри информирани извори, познатиот македонски фолк-пејач Спасен Силјаноски наскоро ќе се појави во улога на водител на една од нашите национални телевизии.

Станува збор за добро познатата емисија „Везилка“ која се емитува на Алфа телевизија и која до скоро ја водеа Ирена Спировска, Адријана Алачки и Благоја Грујовски на чие место ќе дојде Спасен.

Маркетинг

Концептот на емисијата е таков што екипата гостува низ Македонија и ги прикажува специјалитетите и традицијата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Емисијата важи за една од најгледаните на нашите мали екрани, а доаѓањето на Спасен би можело да ја направи уште попопуларна.

Фото: Фејсбук

Во Везилка и оваа сезона како и во претходните покрај убавата македонска песна ќе можеме да уживаме во репортажите на македонските градови и села, како и да се запознаеме со најпознатите угостителски објекти кои се наоѓаат на овие места и нивните традиционални и највкусни јадења.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

А како ќе се снајде Спасен во оваа своја нова улога, додека патува низ најволшебните места во Македонија, наскоро ќе дознаеме…

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Инаку Спасен во последно време е поприлично популарен и заради неговата песна „Ќе ти дојдам вечер“ која стана хит на ТикТок.

Многу ѕвезди од регионот снимаа видео со оваа песна, а меѓу нив и пејачката Теа Таировиќ, по што на веселбите на кои што пее Спасен сега бараат од него да ја пее и по неколку пати. Како што самиот откри во една пригода за Гламур Магазин и бројот на неговите настапи се зголемил откако песната стана вирална, но тој и покрај својата голема популарност, остана оној истиот, човек од народот.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

„Јас останав истиот без разлика  кое ниво на популарност сум го достигнал или ќе го достигнам, јас сум Спасен Силјановски обичен човек, нормален човек, човек со народот. Не се сметам за екстра популарен ниту сакам да ме нарекуваат ѕвезда“.

„Во Македонија нема простор да се правите ѕвезди. Ние имаме малку консументи на македонска народна фолк музика, сите се знаеме, се гледаме по настапи. Човек со сила да се прави ѕвезда и да лета во облаци не е добро без разлика на моменталната ситуација и моменталната популарност, секој треба да остане присебен и достоен изведувач“, изјави Спасен неодамна за Гламур магазин.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Целото интервју со Спасен прочитајте го тука

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button