По потврдувањето дека Мадона ќе биде специјален гостин на овогодинешниот Евросонг, организаторите сега потврдија дека вечерта ќе биде отворена од израелската пејачка Дана Интернационал, која победила пред 21 година и го донесе Евросонг во 1999 година во Израел.
Точно дваесет години по првиот Евросонг во Израел, овој музички натпревар ќе се одржи повторно во Тел Авив, а првата транссексуална ѕвезда на овој натпревар ќе ја изведе својата песна Дива, која во 1998 година победи и предизвика вистински скандал.
Дана таа ноќ ги збесна сите конзервативци ви Европа. Особено беа бесни групите на ортодоксните Евреи кои го бојкотираа натпреварот поради нивната претставничка.
„Со оваа победа Бог ми покажа дека е на моја страна”, изјави пејачката за новинарите по Евросонг, а со тоа уште повеќе ги огорчи верниците во Израел, но по освојувањето стана вистинска европска ѕвезда и еден од најпознатите транссексуалци во светот.
Денес таа има 47 години и се уште важи за една од најпознатите пејачки во Израел.