Пејачката Стојне Николова го украде шоуто со ова свое брутално издание – Цаки Кисми блеска покрај неа
И познатиот фолкер воодушевен од ова издание на пејачката
Познатата пејачка привлече внимание со црното фустанче
Познатата фолк пејачка Стојне Николова објави фотографија на Инстаграм и доби голем број комплименти од фановите.
Облечена во црна куса креација со корсет кој го истакна нејзиното деколте пејачката никого не остави рамнодушен.
Многумина ја пофалија нејзината комбинација, а фотографија со неа објави и нејзиниот колега Цаки Кисми.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Пејачката целото издание го зачини со елегантни црни сандали со златно синџирче и широк кожен ремен.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Потсетуваме, само неколку дена претходно Стојне го украде шоуто со уште едно издание во кое блескаше од глава до пети.
Но за разлика од ова „all-black“ варијанта, таа тогаш носеше тесен бел фустан со цветен дезен во шарени бои.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Фустанот во горниот дел се врзува околу вратот како некои модели на костими за капење, оставајќи мал отвор во пределот на деколтето, додека тесното кусо здолниште ги истакна убавите нозе.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Како таа изгледаше во ова свое издание, но и во уште неколку други, погледнете во продолжение.