Пејачката скршена од тага по големата загуба во семејството – болката не поминува и по толку време, се огласи со емотивна порака
Болката и тагата никако да се намалат. Македонската пејачка сподели емотивна фотографија.
Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи. Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина.
Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години.
Најголема поддршка во се што прави ѝ е нејзиното семејство. Андријана има и брат и сестра. Нејзиниот брат Роберт е доктор на науки по молекуларна биологија, генетичар кој докторирал во Англија.
Сега во Македонија има своја фирма за генетски испитувања, инаку долги години работел како вештак во МВР.
Нејзината сестра Николина е помала од Андријана, но исто така успешна во својата кариера. Работи како оперска пејачка во МОБ, мецосопран. Секој од нив тројца си го нашол својот пат до успехот. Но, како што вели пејачката и понатаму се неразделни и многу поврзани.
Иако потекнуваат од скромно семејство, сите тројца постигнале големи успеси во животот.
Пејачката вели дека токму такво скромно детство ѝ е останато во сеќавање како најдобар период од животот.
Таа и нејзините брат и сестра немале услови да имаат посебни соби, но сепак биле среќни и создале блискот токму во моментите пред спиење кога си прераскажувале среќни моменти кои ги доживеале во текот на денот.
Голема болка во нејзиното семејства остави загубата на нејзината мајка.
Пејачката често споделува емотивни фотографии и пораки посветени на својата мајка. Иако сите ѝ велеле дека времето лечи се и дека болката ќе се намали, тоа сепак не се случило.
На својот Фејсбук профил често споделува и емотивни пораки посветени токму за нејзината мајка.
„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше.
Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка“, напиша Андријана на својот Фејсбук профил.
Деновиве таа повторно се присети на својата сакана мајка, па сподели нејзина фотографија.
Во опис на фотографијата напиша дека премногу ѝ недостига, односно стих од песната на Адел „Milion years ago“.
Инаку пејачката веќе има основано и свое семејство.
Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски гитарист. Двојката има два сина, кои за неа се најголема причина и мотив да се бори и да се надградува.
Андријана е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува и нивни заеднички фотографии, како и фотографии од нејзиниот дом, на кој секој ќе позавиди. Таа се погрижила за секој детаљ од домот да биде уреден како што треба, а секако зеленилото и добро уредениот двор се нешто во кое секојдневно ужива целото семејство.