Пејачката се породи пред месец дена, но сега се coблече и го „зaпaли“ ИНСТАГРАМ со своето тeлo во петтата деценија од животот!
Хрватската пејачка Маја Шупут пред месец дена се породи и на овој свет го донесе синот Блум.
Маја со своето синче што го доби од бракот со Ненад Татаринов веќе замина на своето прво патување.
Имено, пејачката си ги спакува куферите и замина во Ровињ каде се соблече во својот омилен костим за капење.
Пејачката на својот Инстаграм објави фотографија од базенот направена на терасата на хотелот во кој е сместена.
Таа позираше во интересен модел на костим за капење, а нејзиното тело кое изгледа феноменално и како да не се породила неодамна ги воодушеви сите.
„Велнес во собата, тоа јас те прашувам“, напиша кратко Маја додека пофалбите за нејзиниот изгледа само се редеа.
Маја и нејзиниот сопруг Ненад своето прво дете го крстија Блум
Oбожавателите на познатата пејачка секојдневно уживаат во авантурите и деталите од нејзиниот семеен живот, што таа редовно ги споделува на својот Инстаграм профил.
Секако најголем интерес кај јавноста уште за време на бременоста, пројави името што двојката реши да му го даде на своето синче.
Уште на почетокот од бременоста познатата пејачка велеше дека нејзиното бебе нема да има традиционално хрватско име и наиде на низа негативни коментари.
Таа и сопругот Ненад во последен момент се решија да му го дадат името Блум на својот наследник.
„Кога го донесовме дома, го гледавме со часови, сфативме дека тој е толку симпатичен, тој е едноставно Блум. Името е кратко, името е модерно, ова е 21 век и времињата се менуваат колку и тоа да не му се допаѓа некому.“
„На крајот на денот, на никој не треба да му се допаѓа, тоа е навистина наш избор и името ќе го носи моето дете“ раскажа г-ѓа Шупут Татаринов.
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут