Пејачката по разводот потполно се промени – на најновата фотографија изгледа како да е некоја друга жена
Пејачката го покажа своето ново издание и направи дар-мар на социјалните мрежи
Изгледот на нашата позната пејачка го коментираат сите
Многу жени по разводот ќе решат да завртат нова страна во животот и да посветат многу повеќе време на самите себе, па изгледаат како да процветале. Тоа многупати досега сме го гледале и кај познатите дами, кои по една ваква промена во животот и откако ќе ги поминат турбуленциите, во јавноста се појавуваат во едно ново светло и најчесто со својата промена воодушевуваат, иако можеби не откриваат што навистина се случува во нивната душа.
Ова го потврдува и пејачката Анета Љумаковска која во последно време се почесто ги изненадува сите со својот нов изглед.
Нејзиниот стил во последните неколку месеци значително се промени и сега сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
Таа тоа го потврди и на своите бројни настапи што ги имаше во изминатиот период привлекувајќи им го вниманието на сите.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката плени и со своите модни комбинации што ги носи во последно време, а многумина забележаа и дека е ослабната, па сега што и да облече изгледа како да е во своите најдобри години.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Покрај тоа Анета го освежи изгледот и со својата фризура, која откако малку ја потскрати потполно го отвори нејзиното убаво лице.
Тоа впрочем можевме да го видиме и од нејзината последна објава, откако направи една мала промена, додавајќи инстант свежина на своето лице и привлекувајќи им го вниманието на сите.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, Анета сега позираше со натапирана фризура, а ова нејзино издание повторно предизвика бура од реакции.
Па, без разлика дали разводот е главниот „виновник“ што пејачката сега изгледа подобро од кога било досега или пак нешто друго е во прашање, сé што имаме да кажеме е, браво!
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Да, големо браво за оваа жена која не само што изгледа неверојатно, туку и опива со својот вонсериски убав глас…