Пејачката по навpeдите во „Ѕвездите на Гранд се откажа од шоуто – ШOKAНТНИОТ НАСТАП предизвика бypа од коментари!
Шармантните пејачки Анастасија Иќуруп и Маја Ѓорѓевиќ настапија во дуел во „Ѕвездите на Гранд“ во провокативни комбинации и направија хаос.
Но хаос во вистинската смисла на зборот, па Анастасија реши да се откаже од понатамошното натпреварување заради навредите што ги доби на сметка на својот изглед, а сега во врска со тоа и се огласи на Инстаграм.
Имено Анастасија и натпреварувачката со која беше во дуел во последната епизода од шоуто носеа провокативни модни комбинации кои очигледно не им се допаднаа на некои членови на жирито, а посебно не на Ана Бекута, која изјави дека и се „повраќа“ од ваквите стајлинзи.
Анастасија се огласи на Инстаграм и го сподели видеото на Марија Шерифовиќ која прва сподели дека младата пејачка го напушта шоуто. Натпреварувачката напиша и кратка порака за своите фанови:
„Ако се откажав од натпреварот, не значи и од кариерата! Моето време допрва доаѓа, наскоро ќе ви подарам нешто ново, истакна таа на Инстаграм.
Само да потсетиме, проблемот настана по дуелот на Маја Ѓорѓевиќ и Анастасија Иќуруп во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“, кога членовите на жирито ги коментираа нивните стајлинзи. Тогаш нивната изведба и пејачки способности паднаа сосем во втор план, посебно затоа што, како што беше кажано, повеќе и немаа што да coблечат, па жирито се надвикуваше дали нивниот изглед беше вyлгарен, невкусен или не.
Целиот „циркус“ го започна пејачката Ана Бекута откако истакна дека има страшна замерка на сметка на нивниот изглед. Но по нејзиниот коментар за пејачките, Ѓорѓе Давид ја остави вез зборови – тој и порача да оди на диета, па потоа и таа би можела така да се облече,
„Можам да кажам дека имам страшна замерка за вашето облекување, посебно за Маја. Јас не знам што значи тоа, каде вие го наоѓате тоа, каде ги купувате овие работи, тоа е катастрофа, на што личи. Тоа е така евтино, изгледате евтино така што ова е катастрофа.“
„Не може вака деца, јас нема да дозволам да не го кажам ова, вие влијаете на децата што не гледаат“.
„Ова што го правите вие е погрешно, посебно ти Ѓорѓе што ги тераш вака да се облекуваат. Ова е непримерно, дегутантно, одвратно и јас ќе се исповраќам сега“, изјави Ана Бекута.
„Како прво, ова не е школски програм, а ти оди повраќај и оди во дом за пензионери и таму прави натпревар. Луѓе, не зборувајте глупости“, беше изреволтиран рокерот.
Од друга страна пак, и Снежана Ѓуришиќ ја подржа Бекута.
„Не е во прашање тоа што се гo-ли, туку се вулгарни. Лепа Брена цел живот носеше фустанчиња да и се гледаат га-ќичките, но никогаш не била вулгарна, Ова е недозволиво“, изјави таа.
„Тие се млади девојки, сцената трпи сé. Денешната младина повеќе се цоблекува, отколку облекува и тука нема ништо ново. Сé е до вкусот! Преубави се, презгодни, но што помалку ќе покажете, тоа сте поинтересни за публиката, а што се однесува до мене можете и гo-ли да се шетате“, се вклучи во расправијата Цеца Ражнатовиќ.
„На мене ми паднаа очилата, па што сега?!“, се пошегува водителот.
„Сакам да им честитам на стајлингот. Како да се појавија од новиот ‘Бетмен“. јас им дадов гласови сам за изгледот, пеењето не ми беше добро. Се извинувам за навредите што ги добивте. Маја пееше доста фалш, Иќуруп многу беше несигурна и мора да се поправи“, се надоврза Александар Мили Мили, но тоа не му го подобри расположението на Ѓорѓе.
Ана, оди на диета и ти ќе можеш вака да де носиш и нема никакви проблеми, изјави тој пред камерите.
На крајот Саша Поповиќ изјави дека и двете се потрудиле, но Маја на која ментор и е Ѓорѓе Давид, оди во бараж каде ќе се бори за учество во следниот круг. Од друга страна Анастасија, која е од тимот на Марија Шерифовиќ, требаше директно да замине во следниот круг.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
https://www.instagram.com/p/CSOxX34Mqf_/
https://www.instagram.com/p/CWPt6ycsFfT/
https://www.instagram.com/p/CXWowi_Mj34/