Пејачката Милица Тодоровиќ скршена од болка – две ОГРОМНИ ТРАГЕДИИ во ист ден, и солзи и бес…
Тажен ден за семејството на Милица Тодоровиќ
Во средата, на 3 мај 2023 година, се случи голема трагедија во центарот на Белград кога малолетното лице К.К. (13) во Основното училиште „Владислав Рибникар“ безмилосно уби осум деца и работник на обезбедувањето, а рани уште шест ученици, исто така свои врсници, како и својата учителка по историја.
Грозоморниот чин го потресе целиот регион, а пејачката Милица Тодоровиќ покрај тоа што сочувствуваше со семејствата на невините жртви и самата поминуваше низ своја голема болка.
„Невидена трагедија. Црн ден. Сочувство до семејствата на починатите. Нека и Бог даде сила да ги издржат тешките денови. И за мене ова е тежок ден. Мојот дедо Зоран утринава се упокои“, напиша Милица и додаде.
Маркетинг
„Патувај со ангелите и твојата душа нека пронајде мир“ пишува таа со болка во душата и откри како се чувствува
„Тажна сум и бесна. Што се случува, бре? Промовирање на сé што е ненормално како нешто нормално? Ете тоа, колку години наназад. Колку насилство на национална фреквенција кое се промовира како забава. Дрога, оружје. Целиот систем е ненормален. Ова мора да престане, мора!“
Покрај оваа објава, Милица на својот Инстаграм објави трогателна порака и за својот пријател, естрадниот фризер Никола кој ненадејно почина и кој беше близок со многу познати ѕвезди од регионот.
Пејачката беше погодена и од оваа вест, а објави и неколку тажни сториња за децата што починаа во масакрот.
Потсетуваме, 13-годишниот К.К. во средата изврши масакар во Основното училиште „Власислав Рибникар“ во Белград.
Тој во својот напад уби осум ученици, од кои седум девојчиња и едно момче. Покрај овие млади жртви тој свирепо го уби и чуварот на училиштето, Драган Влаховиќ, а рани уште шест ученици, свои врсници, како и својата учителка по историја.
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Принтскрин/ Прва