Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Инди излезе од болница и ја раскажа својата животна битка, рутинска операција се претвори во кошмар

Реклама

Популарната млада пејачка Индира Арадиновиќ Инди деновиве излезе од болница и ја раскажа својата животна битка. Имено, Инди требаше да оди во болница на рутинска операција на желудник, но излезе дека настанале компликации поради кои започнува нејзината борба за живот. Дека пејачката е во животно загрозувачка состојба објави нејзината сестра Едита Арадиновиќ, а сега откако излезе од болница самата Инди раскажа низ што поминала:

– Многу се пишуваше овие денови за мене во медиумите, но еве ќе ви кажам за што станува збор. Тргнав да правам операција за смалување на желудниот. Тоа го направи една моја пријателка, но во Турција и одлично помина. Јас дознав дека и тука има врвни хирурзи и тоа го направив тука, но се тргна на лошо, ја почнува својата приказна Инди.

Маркетинг

– После првата операција имав мачнини и блага температура и неприфаќање на течности, а тоа се пие првите две недели, а ја само повраќав се што ќе внесев. И тогаш лекарот кој ме оперираше предложи втора операција и тогаш се случи хорор. Од самата прва операција се случила повреда на панкреасот , воспаление на слезината, која мораше да ја извади и за да го спаси желудникот мораше да направи бајпас. Првата операција ја правев на државна клиника, а втората на приватна, поради што потоа имавме проблем и само јас, мојата мајка и сестра знаеме низ што поминавме. Тие ме отпуштија како наводно се да е во ред, а ништо не беше – цистата на панкреасот испушташе отров, со температура од 39 степени завршив на Клинички и таму беше прашање и на трета операција, но дадоа се од себе за да не дојде до тоа. Не би коментирала сега деталите, јас својот пекол го раскажава, а се претходно Едита што напиша е точно, тоа не беше маркетинг, само инстинктивно реагираше за да ја заштити својата сестра што и јас би направила.

Маркетинг

– Секако дека се каам, јас сум силна личност докажав повеќе пати дека можам да ги симнувам килограмите, но во тој момент не бев јас и се каам поради таа своја слабост. Јас го победив животот. Но со оглед на тоа дека знам ништо што се поминав и дека секогаш ќе бидам пред искушенија, Бог ме сака и ми даде шанса да продолжам понатаму. Лекарите од Клинички си ја извршија работата и јас соработував со нив, слушав се што требаше, молитвата беше многу важна и Бог да ве види, да имате среќа во тој момент. Јас немам дијагноза, пијам витамини и суплементи поради бајпасот, се уште не сум се опоравила, но сакам да заборавам се и се да биде како порано, заклучува Инди.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button