Пејачката Драгана Мирковиќ ја растажи цела естрада – објави потресни фотографии, на едната од нив е со Тоше Проески
Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ овие денови ги поминува во изолација во нејзиниот раскошен дом во Австрија.
Пејачката деновиве се сети на пријателите кои веќе не се со нас и ја растажи јавноста со една нејзина објава.
Таа сподели фотографија на Инстаграм со Шабан Шаулиќ.
„Боже, колку ми недостигаат овие драги луѓе – Шабан Шаулиќ, Синан Сакиќ, Манда, Тоше“ – напиша Драган со потресна фотографија. Веднаш штом ја објави фотографијата, се јавија и нејзините колешки Дара Бубамара и Ана Севиќ, како и Илда Шаулиќ, ќерката на Шабан.
Карантинот го минува во својот дворец
Инаку, познатата пејачка ги помина велигденските празници во мир и вистинска празнична атмосфера, и покрај ситуацијата што го погоди целиот свет.
Имено, таа со фотографија потенцираше дека во состојба на изолација мора да се почитуваат одлуките на државните органи како и нивните препораки.
Таа ужива во својот дворец. И бидејќи нејзиниот дворец е толку голем, може да се каже дека дека Драгана практично не е во изолација, зошто има толку простор што ќе и треба околу еден час за да направи круг околу него.