Пејачката Гоца Тржан во вакво издание ја немате видено – без шминка и без средена фризура
Пејачката реши да пoкаже како изгледа кога не е 100 % дотерана, а потоа откри и кој третман за убавина никако не го подржува
Пејачката Гоца Тржан е една од оние жени кои немаат проблем да го покажат своето вистинско лице без шминка и своите години гордо ги носи.
Таа пред камерите покажа како изгледа кога нема ни грам шминка на лицето со што предизвика бура од позитивни реакции на социјалните мрежи.
Гоца е во брак со 14 години помладиот Радомир Раѓа Новаковиќ и воопшто не се грижи за негативните коментари што понекогаш ги добива на сметка на нејзината љубов со толку помлад маж.
Пејачката во емисијата „Премиера“ покажа како изгледа нејзиното лице во 100 % природно издание, но и отворено кажа што мисли за ботоксот.
„Кога мажот те сака тој не гледа дали имаш брчки. Вистинскиот маж не е во фазон да те сака затоа што изгледаш помладо. Вистинскиот маж те сака затоа што му даваш поддршка и затоа што си онаква каква што замислува дека треба да бидеш. Тоа е човек што го прифаќа твојот начин на живот и сфаќа дека мојот добар изглед е моја работа“, изјави Гоца.
Таа притоа додаде дека и еден третман за убавина никако не го подржува и не сака да го употребува – во прашање е ботоксот.
„Јас имам кажано ‘Не го сакам тој ботокс, се ми изглед одвратно’“, наведе Гоца низ насмевка, а потоа додаде и како ја воспитува својата ќерка Лена.
„Не може да оди на кафе бидејќи има 12 години. Не може ни на бело кафе, не може ни на наргиле, може да оди со другарите во школскиот двор и на сладолед“ изјави таа.
Погледнете како изгледа без шминка.