Пејачката бришеше СОЛЗИ РАДОСНИЦИ: Наум и Зуица посреќни од било кога – насмевката на лицата кажува сѐ

Популарните македонски фолкери во гламурозно издание ги воодушевија сите.
Наум и Зуица блеснаа на доделувањето на наградите на „Златна бубамара на популарноста“.
Наум Петрески и Зуица Лазова се едни од најдобрите вокали на македонската музичка сцена, а важат и за еден од најскладните парови.
Зуица е препознатлива по своето држење и по својот отмен начин со кој што се претстаува, а се разбира и по бракот со познатиот пејач на фулк-музика Наум Петрески. Таа и Наум се секогаш под блупа на јавноста, која е љубопитна во секое време да дознае нешто повеќе за нив двајца.

Долги години опстојуваат на сената, а тоа се должи на безвременските хитови кои ги имаат.
Вистинска чест и задоволство е да се слушаат овие пејачи во живо.

И двајцата имат настапувано на речиси сите фестивали во земјава, како и во странство, а имаа одржано голем број концерти ширум светот.
Плод на нивната љубов се синот Стефан и ќерката Македонка. Од првиот брак, Наум ги има ќерките Сања и Анастасија.

Македонка и Анастасија веќе тргнаа по стапките на својот татко.
И двајцата не се многу активни на социјалните мрежи, но Зуица понекогаш знае да сподели и нивни фотографии од приватниот живот.
Овој пат таа покажа како изгледале на доделувањето на наградите на „Злана бубамара на популарноста“.

Пејачката целиот стајлинг го надополни со гламурозна бунда и изгледаше како вистинса дама, додека Наум за оваа прилика се одлучи за тегет кошула и панталони, искомбинирани со сиво сако.
Се чини дека двајцата навистина уживале на манифестацијата, а насмевката на нивните лица кажува сѐ. Зуица во еден момент почна да брише и солзи од смеење.
Погледнете:

ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова