Пејачката Блага Петреска не крие колку е горда на својот наследник – ЕМОТИВНА ПОРАКА што пријатно ги изненди сите
Долги години е на врвот и ја развеселува македонската публика, која ужива во нејзината песна и харизма.
Пејачката Блага Петреска со музика професионално се занимава уште од многу млада, а денес може да се пофали со импозантна кариера.
И покрај успесите кои ги има доживеано, таа никогаш не се фали и секогаш скромно, цврсто стоејќи на земја се меша меѓу народот кој ја обожава.
Блага е редовно на скопските пазари, каде секако ја препознаваат и секогаш со големо срце ја дочекуваат.
„Свени ми свени невене, „Ти ме предаде“, „Ех љубов“, „Охрид порти отвора“, „Сакам да ти простам“, „Запеј генерацијо“, „Што да таксам на Господа“, „Гоце син македонски“, „Саноќ сама“, „Заиграј срце“, „Заљуби се“, и….препознатливата омилената “Пеј грло мое“ се само дел од најголемите хитови на нашата фолк-икона, Блага Петреска.
И покрај тоа што ја гледаме секогаш насмеана и весела, не значи дека животот не и донел предизвици и искушенија.
Додека била многу млада го изгубила својот сопруг и преку ноќ станала самохрана мајка.
„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ изјави пејачката во едно свое интервју.
Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина.
„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага.
Олег, синот на пејачката, инаку е оженет со извонредната виолинистка Ана Кондратенко која по потекло е од Русија.
Интересно е тоа што Ана и Блага имаат извонреден однос и го рушат стереотипот за „проблематичниот однос снаа-свекрва“.
Ана е исклучителен музичар со став, атрактивна дама со волшебни зелено-сини очи, сопруга на врвен музичар и мајка на две деца.
Во нивниот дом секогаш е весело и секогаш има музика, а Ана многупати има кажано дека нејзината свекрва е нејзина голњма поддршка во живототот.
Ана и Олег се родители на две ќерки. Музичарите многу ретко споделуваат фотографии од нив, но мора да се забележи дека најстарата од нив, Леона, која сега ќе наполни 19 години, порасна во вистинска убавица.
Деновиве Блага сподели видео направено за нејзиниот син и неговата професија.
Она што малкумина го знаат е тоа дека музиката направена за француската серија Лупин, која се емитува на Нетфликс е отсвирена од македонски музичари, под диригентската палка токму на Олег Контраденко.
Оваа информација гордата мајка ја сподели на социјалните мрежи.
„Мојата гордост, мојот син, кој е голем талент, а толку скромен”, напиша Блага на Фејсбук.
Оваа е навистина огромен успех и гордост за македонската музичка сцена.
Блага во минатото
Инаку Блага не била отсекогаш пејачка, таа пред да стане популарна работела како наставничка.
„Само што завршив средно музичко училиште, имаше педагошка академија. Јас нон стоп се смеев и пеев. Таму во музичкото училиште сите велеа леле оваа учителка само пее. Учев хонорарно педагошка музичка академија. И таа професија може не беше за мене. Сакав да бидат одлични сите ученици. Сакав сите да имаат петки. Јас сум амбициозна и сакав сите да бидат амбициозни. Се каам за две девојчиња што бев построга со нив. Но, од добра намера“, раскажа Блага во едно свое телевизиско интервју.