Пејачката Анета објави никогаш видено видео со нејзиниот починат татко што многумина ќе расплаче (видео)
„Ми недостигаш“, напиша Анета на видеото што го сподели
И покрај тоа што пејачката Анета Љумаковска на Инстаграм ретко го покажува своето семејство, сега објави видео со својот починат татко.
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска овие денови поминува низ најтешкиот период во својот живот – нејзиниот татко почина, а погребот беше на нејзиниот роденден.
Но и покрај големата загуба, пејачката не заборава и на својата публика, па објави едно видео со кое се присети на својот покоен татко покажувајќи колку и недостига, но и колку беше приврзана со него.
Имено, Анета на својот профил на Инстаграм сподели видео на кое се гледа како пее заедно со својот татко.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тој почина пред само неколку дена, а најтажно беше тоа што погребот беше на денот на нејзиниот роденден.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И пејачката наместо да се радуваше на својот 40-ти роденден, таа го испрати својот родител во вечно почивалиште.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но како што и тогаш со својата објава кога ја соопшти тажната вест напиша дека тој најмногу се радувал кога му пеела, Анета сега покажа и како нејзиниот татко навистина уживал во нивните заеднички дружби.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Во видеото се гледа како Анета седи покрај него и заедно пеат, а тука е и едно скршено срце со пораката „Ми недостигаш“.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Како изгледаше овој момент кој Анета никогаш нема да го заборави, погледнете во видеото на крајот од текстот…
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Бонус видео
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Анета му пее на својот татко