Пејачката Андријана Јаневска ја запали Битола во бела комбинација – мелем и за очи и за уши (фото)
Пејачката со својата екипа од Митан проект им приреди на битолчани вистинско уживање
Пејачката Андријана Јаневска настапи и ја израдува бројната публика пред офицерскиот дом во Битола, а нејзиното излегување на сцената беше дочекано со воодушевување и бурен аплауз
Македонската поп-ѕвезда Адријана Јаневска заедно со екипата од Митан проект имаа одличен настап во Битола.
Пејачката на бината излезе во елегантна, бела креација и со својот генијален настап ги воодушеви битолчани.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Во прашање е долг фустан со дизајн на бело сако во горниот дел и здолниште со А-крој под кое Јаневска носеше беж, мрежести хулахопки и шик црни високи потпетици со ленти околу зглобовите.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Она што сите го забележаа беше и нејзината необична, долга огрлица со камчиња во различни бои што ја носеше околу вратот како и големите, висечки обетки коишто потполно се вклопија со огрлицата.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Пејачката со ова свое издание покажа дека е неверојатна не само со својот глас, туку и кога станува збор за нејзиниот стил.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Таа едноставно блескаше на сцената и заедно со Митан проект изведоа бројни македонски песни во кои публиката уживаше.
Сјајната атмосфера придонесе публиката многу песни да ги пее заедно со пејачката, а просторот беше исполнет до последно место.
Како шармантната Андријана Јаневска изгледаше во ова свое „бело“ издание, погледнете во продолжение…