Пејачката Андријана Јаневска заблеска во црно – со проѕирното здолниште ги изненади сите
Погледнете како изгледаше нашата позната пејачка на еден од своите последни настапи
Направи забава за која долго време се зборуваше
Македонската музичка ѕвезда, Андријана Јаневска, пред неколку дена имаше фантастичен настап, а фотографиите што ги сподели на својот профил на социјалните мрежи ги воодушевија сите.
Имено, пејачката за оваа пригода заблеска во моќно црно издание, зачинето со нежна шминка и црни високи потпетици.
Таа носеше црн, полупроѕирен фустан со ¾ ракави и долго здолниште, под кое суптилно се гледаа нејзините нозе.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Под фотографиите многумина и порачаа дека изгледа беспрекорно, но и дека е една од нашите најдобри пејачки.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана покрај својата музичка кариера, таа е посветена и на науката, а пред неколку месеци стана и доктор на науки.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Со докторатот Андријана стана една од нашите најшколувани пејачки, а работи и како професорка на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, но и како виолинистка во Македонска опера и балет.