Николиќ успеа својата линија да ја доведе во ред
Пејачката Ана Николиќ водеше тешка борба со вишокот килограми, но од нејзините најнови објави на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека нејзиниот труд се исплатеше.
Телото на Николиќ конечно повторно е во одлична форма, а со нејзините последни фотографии ги воодушеви сите.
Таа објави фотографии на кои позира со ќерката Тара, а во коментарите обожавателите и порачаа дека изгледа прекрасно.
Ана за оваа пригода носеше елегантно, црно издание од глава до пети, а по нејзиниот став можеме да забележиме дека е горда на промената.
Пејачката неодамна објави и неколку фотографии на Инстаграм на кои позираше покрај базен во костим за капење, а нејзините обожаватели буквално ја поплавија со позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.