Реклама
Вирално

Печалбарите повеќе не се добредојдени на Балканот, освен нивните пари?

Реклама

Според „Зидојче цајтунг“ оние кои работат во странство повеќе не се добредојдени на Балканот и претставуваат проблем.

Гастарбајтерите од чии дознаки во нивната татковина живеат многу семејства и чиешто враќање инаку офанзивно се врбува, одеднаш се несакани и се сметаат за товар“, пишува германскиот „Зидојче цајтунг“.

Маркетинг

Гастарбајтерите, чиишто заработени средства хранат многу семејства во земјите од Западен Балкан, веќе не се добредојдени и некои од претставниците на властите во нивните татковини ги гледаат како товар. Во тоа српскиот претседател Александар Вучиќ можеби отиде и еден чекор подалеку кога директно ги обвини иселениците дека шират пандемија и го злоупотребуваат здравствениот систем во нивната татковина, пишува германски дневен весник „Зидојче цајтунг“ (Sueddeutsche Zeitung).

„И додека другите земји ги вклучуваат сите лостови и бројни авиони за да ги вратат дома своите граѓани заглавени во странство, многу различни сигнали одекнуваат од Балканот“, се вели во познатиот весник. Таа порака, на пример во случајот со Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, гласи „останете во земјите каде што сте сега“, но слични пораки доаѓаат и од некои други земји во регионот, пишува минхенскиот весник.

Маркетинг

Во Србија, најголемата земја во Западен Балкан, со најголем број иселеници, претседателот Александар Вучиќ отиде и чекор понатаму, пишува Зидојче Цајтунг.

Според нив вината за ширење на пандемијата тој директно им ја префрли на повратниците, кои ги загубија своите работни места, а со тоа и правото да останат во странство како резултат на кризата. Весникот потсетува на обвинувањето на Вучиќ дека „некои од повратниците знаеле дека се заразени и дека дојдоа во Србија „да бидат лекувани бесплатно“.

Германскиот весник се потсети и на тврдењето на Вучиќ дека дозволувањето на сите негови државјани да се вратат е „единствената најголема грешка на неговата влада во сегашната ситуација“ и дека „без оваа грешка, ќе немало ни четвртина од тековните проблеми“.

Но за разлика од Босна, Министерството за надворешни работи на Македонија засега успешно го менаџира процесот на враќање на нашите граѓани од странство. Од министерството информираа дека вчера беше организиран лет за репатријација на вкупно 160 македонски граѓани од Брисел и Париз и дека тоа досега е 11-ти специјален лет откако на 22 март Министерството го организираше првиот чартер лет (Валета, Малта) за враќање во земјата на граѓаните затекнати во странство поради пандемијата на COVID-19. До овој момент, вкупниот број на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, а во тесна соработка со Генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, изнесува 2704, пишува во нивното соопштение.

Од нив 1745 се вратиле со специјалните чартер летови на авиопревозникот Визер, а 214 со хуманитарни конвои, додека пак на 526 граѓани (најчесто затекнати на други континенти), во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва им беше обезбедено непречено да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Од Министерството за надворешни работи информираат дека продолжуваат во рамките на своите надлежности со активностите за безбедно враќање дома на затечени македонски граѓани во странство.

Вратите за печалбари треба да бидат отворени во секое време

Германскиот весник проценува дека српските власти „очигледно заради заплашување“ да не се враќаат за празникот Велигден, на повратниците им го продолжиле карантинот по преминувањето на границата од 14 на 28 дена.

Инаку, според експертите, дознаките од македонските печалбари позитивно влијаат на домашната економија. Ако се соберат податоците, македонските граѓани кои работат или живеат во странство дома испраќаат околу 200 милиони евра годишно. Овие бројки се според Извештајот на Народна банка за платниот биланс во делот на дознаки од работници, а тие реално, заедно со парите што доаѓаат преку неформални канали, се минимум 500 милиони евра годишно и во повеќе години наназад ги преминуваат преливите од странските инвестиции. Според квантитативните пресметки тие во Македонија придонесуваат за намалување на сиромаштијата за околу 3 процентни поени, што е слично со ефектот за социјалната помош, изјави Марјан Петрески, универзитетски професор, пишува Аналитика.

Но и покрај овие бројки, нашите иселеници поради ситуацијата со епидемијата не ретко се стигматизирани, а тоа можеме да го воочиме и од коментарите на корисниците на социјалните мрежи каде често се напаѓани. Тоа воопшто не смее да биде така, и власта треба да преземе мерки за да ги олабави односите, но и да објасни дека многумина од нив, под влијание на природен порив, сакаат да се вратат дома и да бидат со најблиските во овие тешки времиња.

Тие по враќањето во земјата, како и за секој друг граѓанин одат во карантин, па апелираме до сите да ги почитуваат упатствата што ги добиваат на граница од санитарните инспектори за да се спречи ширењето на вирусот.

Воедно апелираме и до властите (нешто што впрочем го забележа и весникот „Зидојче Цајтунг“) да го имаат во предвид и тоа дека некои од земјите од Западен Балкан покрај проблемот со иселениците кои сакаат да се вратат, дискриминирачки делуваат и кон своите граѓани и имаат ригидни забрани за излегување надвор, од кои посебно се погодени старите лица. Тоа не смее да биде така, а може да се однесува и за нашата земја.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button