Печалбар на враќање од Германија на границата доживеал непријатна ситуација: „Патувајте само ако морате, во спротивно…“
Кога конечно пристигнавме на хрватската граница, цариниците нè прашаа каде патуваме.
Им објаснив дека ги возам внукот и снаата кои беа мои гости во Германија до границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина и дека таму ќе ги преземе мојот син.
Во потрага по подобар живот и остварување на своите соништа, Сеад Селмановиќ со сопругата Фикрет и децата, Денис (5) и Елма (4) заминал во Штутгарт, главниот град на Баден-Виртемберг, пред 28 години.
Зад нив остана родниот Бихаќ и срцата врзани за родниот крај, со кој тие никогаш не се разделиле. Тие имаа верба дека со напорна работа ќе се изборат за пристоен живот, а на Денис и Елма ќе им овозможат убава иднина, нешто што не можеле да го направат во својата родна Босна.
Тој доаѓаше во родната земја многу често, а сега раскажа за неговиот неодамнешен неуспешен обид да стигне до границата на Босна и Херцеговина, пишува порталот МојаБиХ.-
– Пред да биде прогласена пандемијата, кај нас на гости беа дојдени нашиот внук и снаата од Бихаќ. Поради наметнатите ограничувања, тие не беа во можност да се вратат кога планираа, па ние секојдневно ја следевме ситуацијата со ширењето на вирусот, како во Германија така и во БиХ. Јас и мојата сопруга уживавме со внукот, ситуацијата се смири, а снаата и внукот сакаа да се вратат во Бихаќ. Решивме јас да ги однесам на хрватско-босанската граница, а од таму да ги преземе мојот син Денис, бидејќи ако јас влезам во БиХ, ќе морам да бидам изолиран 14 дена, што не можев да си го дозволам заради работните обврски. Властите во Германија ми кажаа дека во случај моето патување да трае до 48 часа, не морам да одам во изолација по враќањето. Во спротивно би морал. Тргнавме во петок, на 1 мај. На границата меѓу Германија и Австрија, од германска страна, Германците го напишаа времето на заминување од Германија во мојата патна потврда. Се до хрватската граница немаше никакви проблеми. Покрај честите контроли со полиција и радари, автопатот е прилично пуст, без гужва и добар за возење.
– Кога пристигнавме на хрватската граница, цариниците нè прашаа каде патуваме. Им објаснив дека ги возам внукот и снаата кои беа мои гости на границата помеѓу Хрватска и БиХ и дека мојот син ќе ги преземе од таму.
– Бев изгубен и збунет кога ми рекоа дека можам да влезам во Хрватска и да продолжам со патувањето ако одев во БиХ, но ако се вратам веднаш, дека ќе треба да одам во изолација во Хрватска 14 дена и дека за тоа ќе треба да платам 400 евра. Залудно им ја покажав потврдата на Германците дека веднаш се враќам и дека треба да одам на работа, дека не сум заразен и дека немам време за 14 дена изолација.
– Бидејќи немаше друг излез, повикав такси од Загреб да дојде до границата, да ги собере внукот и снаата и да ги вози во Босна, а јас се упатив назад кон Германија. После кратко малтретирање и преглед на границата со Словенија, пристигнав на австриската граница. Австријците побараа да видат дали резервоарот на мојот автомобил е полн со гориво. Кога се уверија, ми рекоа дека можам да патувам за Германија, но дека не можам да направам паузи никаде на нивната територија. На влезот во Германија германските полицајци го запишаа моментот на моето враќање-кога влегов во Германија. Дојдов дома во доцните вечерни часови.
– Следниот ден, испратив потврда до надлежните органи во мојот град и така ја избегнав изолацијата. Сè уште ми е жал што не можев да ја видам ни границата на Босна и Херцеговина и ги советувам сите што планираат да патуваат да не го прават тоа ако не мораат, бидејќи ги чекаат многу непријатни изненадувања, вели Сеад Селмановиќ.