Реклама
Новости

Петгодишно дете со албинизам стана модел за детска облека

Реклама

Елија Енверем има пет години и впечатлив изглед.

Неговата кожа е светла и има бела коса.

Маркетинг

Имено, ова момче од раѓање има албинизам што значи дека неговиот организам не може да го произведува пигментот меланин. Момчето на почетокот не разбираше зошто луѓето постојано зјапаат во него, и дека тоа е така само затоа што изгледа различно од останатите.

https://www.instagram.com/p/BrLT6rHBDff/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

 

Но неговата мајка Луси Давес направи Инстаграм страница на која почна да објавува фотографии со кои сакаше да му покаже на светот колку нејзиниот син навистина е посебен. Таа сметаше дека некои компании би можеле да го ангажираат како модел, а тоа на крај и се случи.

https://www.instagram.com/p/BpogtAzB0X1/

 

Елија го потпиша првиот договор и учествуваше во кампањата на познатиот бренд, а токму тоа влијаеше позитивно и на неговата самодоверба.

„Сакав само да ме разбере дека затоа што изгледа различно е посебен и дека тоа воопшто не е страшно. Кога влезе во продавница и ја виде неговата фотографија на ѕидот, нашата цел беше остварено. Самодовербата толку му е зголемена така што денес е среќен кога комуницира со луѓето и веќе не се крие” раскажува Луси Давес за порталот Метро.

https://www.instagram.com/p/BdpDzU4nn3w/

 

Момчето секна многу нови пријатели, а следниот викенд ќе се сретне со уште едно момче со албинизам и заедно ќе учествуваат во една кампања.

Инаку, Елијан и покрај големата популарност, сѐ уште е обично дете. Тој оди на училиште и сака постојано да се дружи со неговите другарчиња од училиште.

https://www.instagram.com/p/Bs26r_mhwak/

 

„Го прослави својот роденден и ми кажа дека му се јавил на момчето за кого никогаш не сум слушнала. Се покажа дека во прашање е негов врсник со посебни потреби кого никој никогаш не го повикува на роденденските прослави, а тој одлучи да го направи тоа. Тоа покажува каков е”, заклучува гордата мајка на овој мал модел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button