Реклама
MAMAДом и семејство

Пет фасцинантни работи што ни се случуваат пред да се родиме

Реклама

Пред да се родиме, околу 40 недели поминуваме во матката на нашата мајка. Во тој период ни се случуваат многу невообичаени работи, а некои од нив се навистина фасцинантни, пишува познатиот научен магазин „Science Focus“.

Во телото на нашата мајка

Една недела по зачнувањето, ембрионот е накалемен на ѕидовите на матката и наскоро почнува да се “апсорбира” се од нејзина мембрана. Во тоа време, одредени клетки исчезнуваат, а крвните садови почнуваат да се парализираат и се насочени кон бебето и неговите потреби, така што плацентата почнува да ја добива својата соодветна форма. Преку ова тело, бебето добива од мајката се што е потребно.

Ни расте опашка

Во петтата недела од бременоста, фетусот почнува да наликува на полноглавец, кога се формира препознатлива форма на бебето. Главата на бебето е навалена кон опашката која подоцна исчезнува и останува дел што оној кој боли кога паѓаме на задникот. Интересно е да се забележи дека сите ембриони имаат опашка бидејќи потекнуваат од истиот предок.

Маркетинг

Прстите растат од изумирање на клетките

Кога ја добиваме опашката, на телото на фетусот се појавуваат прститена рацете и нозете. Прстите прво се поврзани, а потоа околу осмата недела од бременоста, откако голем број на клетки изумираат, тие се двојат.

Пиеме урина?

Во десеттата недела од бременоста, фетусот почнува да ја пие водата во која живее и повторно ја исфрла од телото. Во тој момент мајката се однесува како „филтер” кој ја прочистува водата во која е фетусот, а бубрезите се активираат и создаваат урина. Значи, бебињата учат и се подготвуваат за пиење млеко.

Маркетинг

Развој на нервен систем

Мозокот на фетусот се создава слој по слојот, а надворешниот е одговорен за повеќето функции што ги извршува мозокот. Нервните завршетоци се прошируваат во сите правци и во целиот нервен систем. За да комуницираат со други клетки, мускули и нерви, секоја клетка мора да се поврзе на вистинското место. Исто така, многу нервни клетки „се жртвуваат” за да мозокот може да биде толку добар колку што треба и да се развива најдолго од сите органи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button