Пет тајни за совршен изглед на прекрасната Шарлиз Терон – дознајте како се негува една од најубавите актерки на светот
Следните пет совети за убавина се клучни за совршениот изглед на оваа прекрасна актерка кои можат да ни послужат и на нас.
Една од најубавите жени во Холивуд е, секако, и актерката Шарлиз Терон. Оваа дива е доказ дека за беспрекорен изглед не се потребни никакви операции, туку придржувањето кон неколку основни правила за убавина кои секоја жена треба да ги практикува. Следните пет тајни за убавина се клучни за совршениот изглед на оваа прекрасна дама и тие можат да бидат корисни и за сите нас, „обичните смртнички“.
Никогаш не ги игнорирајте трепките
Шарлиз смета дека трепките се најубавиот украс на нејзиното лице и никаде не оди без маскара и подвиткувач за трепки кои во само неколку потези можат да направат чуда.
Секогаш носете парфем
Дури и кога оди на тренинг, убавата актерка никогаш не заборава да стави парфем. Овој мал, но впечатлив детаљ ѝ дава чувство на посебност бидејќи, како што изјави таа самата во една пригода, ја одвојува од масата.
Многу сон и квалитетна крема
Шарлиз го цени сонот повеќе отколку што било друго. Секоја ноќ заминува рано во кревет и се буди во 6 часот наутро. Нејзината утринска нега се состои од миење со студена вода и крем со заштитен фактор SPF, додека навечер длабински го чисти лицето, а потоа нанесува серум, крем за околу очите и богата хидратантна крема.
Рициново масло е спас за коса
Познатата актерка својата коса еднаш неделно богата ја премачкува со рицинусово масло, па со него го масира темето како би ја стимулирала циркулацијата, а на тој начин би го забрзала и растот на косата.
https://www.instagram.com/p/BcXytF8A_oR/
Пилатес
Иако никогаш немала проблеми со килограмите, Шарлиз го одржува телото во форма во изминативе неколку години со пилатес вежби. Таа тврди дека со нив се чувствува одлично и дека целосно го променила нејзиното тело.