Реклама
Модни совети

Пет пролетни модели на јакни што секоја жена треба да ги има во плакарите

Реклама

Пет модели кои можат да ве „извадат“ од секоја ситуација

Овој пат во фокусот ни се пролетните јакни и мантили кои можеме да ги носиме како во вечерни, така и во дневни изданија. Имено, паметно избраната јакна може да ја подигне секоја наша комбинација. Во зависност од тоа каков модел ќе избереме со нив можеме да изгледаме младешки, елегантно или шик, a во игра со останатие парчиња тие се клучни во обликувањето на посакуваниот стил.

Маркетинг

Па така, доколку избереме крзнено парче ќе изгледаме гламурозно и шик, за разлика од „бомбер“ јакните и тексасните модели со кои многу лесно ќе го постигнеме младешкиот изглед на калифорниските девојки.

https://www.instagram.com/p/ButHyB2FNy1/

Маркетинг

 

Женските сакоа пак, се една од главните одлики на францускиот стил и синоним за шик девојка од Париз, а истите им се омилени и на бројни ѕвезди…

https://www.instagram.com/p/Buyliy8DBqp/

 

Во продолжение ќе ви претставиме неколку модели што секоја дама треба да ги има во своите плакари.

Бомбер јакна

Овие модели се вратија на голема врата пред неколку сезони и се уше важат за еден од најголемите трендови, особено во пролетните месеци.

https://www.instagram.com/p/Bu0T3oOnevB/

 

Што се однесува до дизајнот, сигурни сме дека во секоја (поголема) продавница ќе најдете барем два-три модели кои ќе ви се допаднат.

Кожна јакна

Кожната јакна исто како и „бомбер“ моделите им се омилени на бунтовните карактери, но и тие веќе со години се влезени во „мејнстрим“ модата и претставуваат класик кој вреди да го имате во плакарите.

Тексас јакна

За тексас јакните исто така можеме да кажеме дека се еден од најважните класични модел. Ни доаѓа во најразлични варијанти, бои и модели, а идеални се како за лежерни дневни изданија така и за вечерни комбинации во кои сакате да додадете малку бунтовнички или „бохо“ шмек.

Класично сако или блејзер

Можете да ги носите како во вечерни изданија, така и во деловни пригоди, и со нив секоја комбинација ќе ја подигнете за секунда. Класичното црн сако можете да го фурате на милион начини – со панталони, џинс, baggy панталони, но и со фустани и шик кратки здолништа.

„Тренч“ мантил

Овие мантили не се јакни, но секако спаѓаат во нешто што е пожелно да го имате во плакарите во овој период од годината.

Тренч мантил + тексас јакна

Можете да го носите на милион различни начини, а во последно време се почесто можеме да видиме и во познатите „хај-стрит“ продавници модели кои изгледаат неодоливи и кои никого не оставаат рамнодушен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button