Пере од Нокаут ја објави првата фотографија со својата четврта ќеркичка – на девојчето му дадоа преубаво име
Се породи сопругата на Пере од Нокаут
Познатиот македонски пејач Никола Перевски Пере доби уште едно женско дете на кое среќните родители му го дадоа името Ирис.
Пере убавата вест ја сподели на Инстаграм, а објави и фотографија од својата тукушто родена ќеркичка.
„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере на својот профил на Инстаграм под фотографијата на која се гледа како во рацете го држи своето малечко ангелче.
Пејачот на Нокаут пред две години ја доби својата прва ќерка со сопругата Јована, а од претходниот брак има уште две ќерки.
Постарата сестричка на Ирис се вика Софија и таа има две години, додека Михаела (25) и Каја (16) се малку постари.
Пере и Јована веќе ја имаат ќерката Софиа (2). Од првиот брак, Пере ги има и ќерките Михаела (25) и Каја (16).
„И кој нема ќерка, никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот“, напиша Пере еднаш на Инстаграм, а сега Бог го почести со уште од најубавите девојки на светот и го направи уште посреќен татко.
Инаку, љубовната приказна на Пере и Јована започна во 2011 година, во времето кога го спремал големиот „анплакт“ концерт.
Поради одредени околности Пере и Јована беа разделение одреден период, додека тој живееше и студираше во Барселона.
Но во тој период Пере честопати прелетувал земји за да ја види својата сакана и е пресреќен што ја обновиле врската и создале семејство.
Кога Јована ја роди Софија гордиот татко и тогаш прв ја сподели прекрасната вест на социјалните мрежи.
„Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3та ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка!
Јас пак по трет пат сум горд чичко! А светот? Светот ја доби Софиа Перевска!, напиша тогаш Пере на својот профил.
Фото: Инстаграм/ Никола Перевски Пере
Фото: Инстаграм/ Никола Перевски Пере
Фото: Инстаграм/ Никола Перевски Пере
Фото: Инстаграм/ Никола Перевски Пере