Пепи Бафтировски се гордееше со нив – еве како изгледаат денес децата на незаборавниот македонски пејач
Пепи беше еден од бардовите на македонската народна песна
Неговите песни и денес се едни од најслушаните
Легендарниот македонски пејач на народна музика, Пепи Бафтировски, почина во Америка, далеку од својот дом, во 2008 година.
Бафтировски беше еден од бардовите на новосоздадената македонска народна песна, познат по антологиските хитови „Ако згрешам нека изгорам“, „Сине мој“, „Друга љубов не сакам“ и многу други незаборавни песни, кои Пепи ги пееше со душа.
Бафтировски почина по неколкумесечно боледување од рак на белите дробови, во болница во Чикаго, на 66 годишна возраст.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој зад себе остави две деца, ќерката Марина и синот Емил, што ги доби од бракот со Ава Керш, со која се раздели во 2007 година.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Неговите деца ретко се појавуваат во медиумите, а на социјалната мрежа Фејсбук Ава Керш има објавено неколку фотки со нив.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Пепи заедно со семејството во 2003 година ќе се врати во Америка каде што неговото семејство ќе остане да живее.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Неговата ќерка Марина е мажена и има три деца, додека синот Емил е доктор по професија и важи за вистински заводник.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Потсетуваме, Пепи Бафтировски зад себе остави голем број хитови кои и денес се слушаат, а песната „Заветна“ која тој прв ја испеа во најновата изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов моментално е еден од најголемите хитови и најслушаните песни на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Пејачот кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, по долги години поминати на печалба во САД, се врати во Македонија.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој тука направи успешна кариера, но во 2003 година заедно со сопругата Ава и семејството ќе се врати во Америка.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Пет години по преселбата во Чикаго, по кратко боледување, на свои 66 години, ќе ја изгуби битката од тешката болест.
Бафтировски е погребан во Чикаго, а пред да замине во Америка живееше во Битола, во долниот дел од Старата Чаршија.
Меѓу своите колеги беше познат како емотивен човек, а публиката заради неговиот глас го обожаваше.