Парот остана во шок! И двајцата во исто време клекнаа на колена – ЗАПРОСУВАЊЕ кое многумина остави без зборови (фото)

Геј пар се изненадил меѓусебно откако во исто време се запросиле за време на патување во Крит по повод нивната годишнина.
Бредли Фокс-Џонс (25) од Портсмут, Хемпшир, планирал да го запроси своето момче, 23-годишниот Џошу Бркер на четиригодишнината од нивната врска, но Џошуа го изненадил во тој момент.
Парот пристигнал на грчкиот остров на 21 јули, ден после нивната годишнина и денот го поминале опуштајќи сена базен.

Бредли планирал запросување на плажа и предложил да отидат и да се фотографираат со зајдисонцето. Парот запрел покрај еден бар , каде Бредли кажал дека мора да оди до тоалет, со цел да им се јави на најблиските и семејството.
„Бев многу загрижен. Со месеци вежбав клекнување на колена“, рекол Бредли.
„Кога Џошуа ме запроси, бев шокиран, што е малку глупаво, но сѐ што можев а кажам беше „навистина“?“

По искажувањето на својаа љубов, Бредли го сторил истото.
„По запросувањето имавме еден од најдобрите одмори некогаш. Чудно е затоа што сега сме верени, но и понатаму сме истите луѓе. Додека растев не мислев дека ќе се венчам“.

„Мислев дека тоа е невозможно. Мислев дека сум личност која никој не сака да ја донесе дома. Никој не ме сакал пред Џош.
Ми беше во ред да бидам сам и навикнат бев на тоа. Но, кога го запознав Џош знаев дека има нешто“.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин