Паровите кои навистина се сакаат имаат тенденција да ја зголемат својата тежина, тврдат научниците
Идејата дека среќните и заљубените двојки ја зголемуваат тежината звучи невозможно, но изненадувачки, е дека постојат докази што ја поддржуваат оваа теза.
Според неколку студии двојките кои изајвиле дека се среќни и задоволни во нивните врски / бракови имаат поголема веројатност да ја зголемат тежината.
Во истражувањето спроведено од Универзитетот во Северна Каролина биле мерени повеќе од 8.000 луѓе и било заклучено дека мажената жена може да добие просечно 24 килограми повеќе во првите 5 до 6 години од нејзиниот брак. Освен тоа, жените кои живееле со партнери, но не биле во брак, добиле 22 килограми, додека жените што биле во врска, но не живееле со својот партнер, добиле само 13 килограми.
Студијата, исто така, покажа дека мажите се дебеелеат за време на транзицијата од сингл до човек во врска, па така се покажа дека мажите кои живееле со своите партнери повеќе од 2 години имаат двојно поголема веројатност да добијат повеќе од 25 килограми од мажите кои не живеат со својот партнер.
Студијата донесе заклучок дека постои силна поврзаност помеѓу романтичниот односи и зголемување на тежината.
Но покрај тоа што партнерите ја зголемуваат телесната тежина кога се во долгогодишна врска, донесен е заклучок и дека луѓето кои се во љубовна врска истовремено ја намалуваат и конзумацијата на алкохол и цигари.