Душко ги насмеа сите на социјалните мрежи
Фудбалерот Душко Тошиќ кој неодамна беше во центарот на вниманието поради турбулентниот брак со Карлеуша, очигледно им ја исполнува секоја желба на своите ќерки што ги има со неа.
Тоа можеме да го видиме и од фотографијата што деновиве Карлеуша ја направи во луксузниот хотел во Кина и ја објави на својот профил. Имено, на неа е Душко со нивните ќерки Атина и Ника, а она што посебно е интересно на фотографијата е што тие сите имаат ист стајлинг.
Душко позира гушнат со своите ќерки и облечен како нив во бањарка и папучи Мики Маус со кои ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.
Инаку, Јелена и Душко се наоѓаат на одмор во еден престижен хотел во Кина. Пејачката веднаш откако стигна покажа дека е воодушевена од сето она што можеше да го види во хотелот, што беше вистинско изненадување и за неа, а се пофали и со новиот костим за капење што и стои одлично.
Таа со овие фотографии им стави крај на шпекулациите дека се разведува од својот сопруг, а нејзините верни обожаватели ги поздравуваат со коментари на социјалните мрежи.