Познатата дизајнерка Викторија Бекам и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам беа гости на гламурозните доделување на награди на „British Fashion Awards“ кои се одржаа во „Royal Albert Hall“ во Лондон.
Викторија изгледаше многу елегантно и софистицирано во креацијата што на прв поглед изгледа необично. Без разлика дали тоа е фустан, панталони или нешто друго, веројатно многумина се прашуваа што носи кога ја видоа Викторија Бекам на настанот. А всушност, станува збор за нешто сосема трето: комбинезон што на прв поглед изгледа како фустан. Но, кога ќе погледнете малку подобро, јасно е дека навистина станува збор за комбинезон.
Креацијата е со нејзин потпис од колекцијата за сезоната пролет / лето 2019, а Викторија ја комбинираше со децентен накит и убава „природна“ шминка.
Таа беше номинирана за наградата за „British Designer of the Year Womenswear award“ но истата и беше доделена на дизајнерката на Живанши, Клер Вајт Келер.