Павле Витанов ја испеа „Ако згрешам нека изгорам“ и ЦЕЛИОТ БАЛКАН го воодушеви со својот талент
Победникот од „Никогаш не е доцна“ ќе настапува со победничката од „Ѕвездите на Гранд“
Пејачот Павле Витанов ќе настапи со победничката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и тоа во нивниот роден град Струмица
Победникот во шоуто за ветерани „Никогаш не е доцна“ од Македонија, Павле Витанов, ќе настапи заедно со победничката во „Ѕвездите на Гранд“, младата македонска пејачка Славица Ангелова.
Тие заедно со уште неколку познати имиња ќе настапат на 21 септември во Домот на Армијата во Струмица, и тоа на хуманитарен концерт за собирање пари на деца без родители.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Павле и Славица кои на почетокот од летото триумфираа на грандиозната Гранд сцена, сега ќе настапат заедно во својот роден град.
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Инаку, Павле кој беше изненаден од победата во популарното шоу, уште сo првиот свој настап ги воодушеви сите.
Имено, кога тој се претстави пред публиката во жирито беа Саша Милошевиќ Маре, Ленонтина Вукомновиќ и Џенан Лончаревиќ.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Тој тогаш се претстави со традиционалната македонска песна „Ако згрешам нека изгорам“ и веќе по првото појавување успеа да ги освои срцата на публиката и гледачите ширум регионот, но и на стручното жири кои не го криеја воодушевувањето од неговиот талент.
„Музиката е емоција“, изјави Павле тогаш, а потоа и со секој свој настап тоа и го докажа на грандиозната сцена.
Потсетуваме, Павле во шоуто за ветерани победи по одлуката на публиката преку Фејсбук од која цело време имаше голема поддршка.
„Наградата е во мои раце и тоа ми е супер. Јас за време на пандемијата пеев на Фејсбук, тогаш добив и следбеници таму. Знаев дека имам поддршка, но дека имам толкава навистина не очекував“.
„Им се заблагодарувам на сите што гласаа за мене“, изјави Павле по победата во популарното музичко шоу.