Реклама
Трендови

Покажете ги вашите градници и изгледајте како познатите холивудски диви!

Реклама

Да, да.. по овој тренд се луди познатите трендсетерки

Минатата година модната библија Вог ги прогласи деколтеата за мртви и откри дека тие повеќе не се секси како порано, но и дека на нивно место доаѓаат голиот грб и отворени раменици. Но познатите дами пронајдоа уште еден секси тренд кој е поврзан со градите.

Маркетинг

Проѕирни фустани без гаќички и градници – тренд на кој не му се гледа крајот во Холивуд >>

Имено станува збор за фустани под кои се познава градникот, но кои се зашиени така што оставаат впечаток дека фустанот случајно ви паднал и открил малку повеќе од дозволеното. Овие фустани досега сме виделе како ги фураат Пенелопе Круз, Дијана Кругер, Кејт Босворт, Иванка Трамп… Тие му се поклонија на трендот на кој единствената намена му е да привлечете внимание, нешто што на овој начин ви е 100 % загарантирано.

Маркетинг

Пенелопе таков фустан носеше во Мадрид, а него го потпишува Atelier Versace. Фустанот е потполно црн, а под него ни се „пули“ елегантниот црн градник со светки. Русокосата Дијана одлучи да носи ист вид на фустан, само што нејзиниот беше во љиљаково-црвени нијанси и со потписот на Прабал Гарунга.

Кејт Босворт пак на една забава носеше цветен фустан под кој се познаваше градник од тантела, додека Првата ќерка на Америка, згодната Иванка, во сличен фустан дозволи да и се познава само десното раме па така ја видовме само едната рамка од градникот, но не и корпата.

Овој фустан ја истакнува половината на најдобар можен начин >>

Па, дали ви се допаѓа овој тренд?

Мажите во очај, но тоа и го заслужија! Овој тренд станува минато >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button