Пoчинa актерката од култната серија „Големи и мали“ – со нејзиниот лик пораснаа цели генерации (фото)
Македонија во солзи, почина една од најдобрите македонски актерки.
На 72-годишна возраст згасна животот на атерката Катина Иванова, а веста ја соопштија од Македонскиот народен театар.
Катина 4 децении работеше во овој театар.
„Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“ велат од Театарот.
Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи.
Принтскрин
Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002).
Цели генерации израснаа со нејзините улоги во популарните детки ТВ серии „Наше маало“ и „Големи и мали“.
Принтскрин
Легендарната “тетка Донка” мајката на Раде од култната детска тв серија – „Големи и Мали“, екранизирана во 2000та година и мајката на ромката Атиџе во серијата „Наше маало“.
Човек умира само тогаш кога сите ќе го заборават, а Катина Иванова, останува вечна по своите улоги во театарот, на филмот и во тв сериите!
Вечна слава и незаборав!
ФОТО: Фејсбук