Реклама
Наши ѕвезди

„Очите ми гореа, се тресев“ – фудбалерот кој се зарази со коронавирус до детали раскажува што преживеал

Реклама

Фудбалерот на италијанскиот третолигашки тим Реџана, Алесандро Фавали, е еден од оние кои успеаја да го преболат коронавирусот. Во Италија има над 40.000 заразени лица, а Фавали е еден од среќниците кои се извлекле.

За БиБиСи одлучи да го сподели свето непријатно искуство со страшната болест.

– Се чувствував многу нелагодно кога се разбуди на 2. март. Имав температура, главоболка и очите ми гореа. Веќе во текот на ноќта имав симптоми, се тресев од настинка. Станав сомничав. Веќе во јануари имав грип. Ѕвонев кај семејството и сите имаа исти симптоми. Бидејќи за коронавирусот наголемо се зборуваше во медиумите, веднаш знаев за што се работи, изјави Фавали.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B73z2wkIjjb/?utm_source=ig_embed

Вели дека повеќе се грижел за своето семејство отколку за болеста.

Маркетинг

– Tемпературата никогаш не ми помина над 37,8 степени. Имав три дена, но до моментот на давање на брисот веќе се чувствував добро. Имав и главоболка, но и тоа не траеше долго. Никогаш не сум бил толку исплашив за себе зошто никогаш не се чувствував многу лошо. Повеќе се грижев за своите роднини кои беа потешко погодени од мене, можеби затоа што се во постаро доба и телесна состојба, раскажува Фавали.

Изолацијата, вели, психички тешко му паднала.

– Сопругата Мириам нема сомптоми, не сакав нејзе да и наштетам. Немав проблем со апетитот, постојано можев да јадам. Ќе правам брис две недели откако се тестирав. Ако е негативен, морам да го повторам после неколку дена и да го потврдам резултатот. Изолацијата е психички тешка. Навикнат сум на социјален живот. Живеам со сопругата, имам и пријатели, тренирам секој ден со соиграчите. Ако има нешто позитивно во ова, тоа е што научив колку се важни луѓето околу нас, изјави 27-годишниот фудбалер.

И натаму не може да им се изначуди на клубовите кои се уште играат фудбал и покрај вирусот.

– Бев зачуден кога видов дека некои клубови и лиги сакаат да ги продолжат натпреварувањата. Дури и играње пред празни трибини е погрешна одлука. Играчот може да се зарази на терен. Претпоставувам дека тогаш не го сфатија сериозно проблемот. Сигурен сум дека веднаш ќе престанеше да се игра ако некој играч од Серија А беше заразен во тоа време, заклучи Фавали.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button