Очаен татко се соочува да биде депортиран од Австралија – неговиот син (9) останува, тој не сака да го остави
Татко од Италија треба да биде депортиран од Австралија со што ќе остане без својот деветгодишен син
Очаен татко се бори да остане во Австралија за да може да се грижи за својот син бидејќи се соочува со депортација.
Андреа Тиндиани (37) се преселил во Австралија од Италија во 2012 година со туристичка виза, пред да добие гаранции од својот работодавец што се случило следната година во Викторија.
Италијанецот во Австралија го доби својот син Марли, кој сега има девет години, пред да се раздели со неговата мајка Емили
„Со тешко срце сакам да ве известам дека минатата недела судот одби да ми ја продолжи визата за престој“, сподели вознемирениот татко пред неколку дена на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
И покрај тоа што живее тука повеќе од 11 години, тој не може да ја продолжи својата виза и се соочува со депортација.
Фото: Фејсбук
Андреа во 2016 година станал технолошки вишок заради реконструкција на компанијата во која што работел и која што му ги средила документите за престој. Тој потоа поминал низ циклус со студентски визи, но до 2021 година, откако безуспешно се бори да добие постојана виза.
Фото: Фејсбук
По неговата објава на Фејсбук, едно локално лице му порача дека има последна надеж, со препорака од Трибуналот министерот за имиграција да го разгледа неговиот случај.
„Работев напорно за да изградам сигурна иднина за мојот син и нашето семејство“, напиша тој во петицијата.
Фото: Фејсбук
„Мојот син Марли го заслужува својот татко покрај него. разбирам колку е тоа важно, бидејќи самиот пораснав без татко“, вели овој очаен чоек кој дава натчовечки напори за да остане покрај својот син.
Фото: Фејсбук
Таткото кој е со италијанско потекло е во пријателски односи со мајката на Марли и учествува во сите аспекти на родителството, вклучувајќи го и земањето на својот син од училиште и грижа за него.
Фото: Фејсбук
Неговиот случај е испратен до министерот за имиграција кој треба да одлучи за понатамошната судбината на ова семејство.
Фото: Фејсбук
Господинот Тиндиани покрена и онлајн петиција која веќе има 14.000 потписи и собра повеќе од 6000 долари.