Отмена и грациозна дама – еве како изгледа сопругата на Велија Рамковски
Сопругата на познатиот македонски бизнисмен е дама со стил.
Без оглед на годините таа изгледа негувано и здраво.
Велија Рамковски јавноста го памети како сопственик на А1 телевизија и синџир – маркетите Хедис, како и весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“.
ФОТО: Принтскрин
По неговото апсење поради затајување данок и злоупотреба на позицијата одлежа 7 години затворска казна, по што беа затворени сите негови бизниси.
Велија засекогаш престана да се занимава со оваа професија и започна мирен и повлечен живот.
ФОТО: Принтскрин
Неговата ќерка, Лејла Рамковска е ативна на социјалните мрежи, каде честопати споделува и семејни фотографии и видеа.
Таа е инструкторка по јога и е една од најдобрите во оваа професија кај нас.
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
Лејла на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се појавува нејзината мајка.
Таа не сака многу да се експонира во јавност и секогаш стои далеку од очите на јавноста.
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
Отсекогаш им била најголема поддршка на своите деца и сопругот.
„За секоја жена е предизвик да се чувствува младо и и да изгледа убаво,негувано, здраво… безразлика на промените кои доаѓаат со годините. Всушност и најголема инспирација и мотивација за последната моја програма Hormonal Balance ја имам од мојата мајка. Хормоналниот баланс е најважен за една жена, на тоа сум сведок“, напиша Лејла во опис на видеото.