Откриено како водителката и водителот ја изрежира драмата во Тел Авив – Македонија и Шведска се уште се надеваа на победа, иако резултатот однапред беше очигледен
Невидена местенка
Драмата што се случуваше вчера во Тел Авив на Евровизија ја подигна и публиката на нозе, особено нашата, иако уште пред да ги соопштат поените на Тамара беше повеќе од јасно дека претставникот од Холандија е победникот. И дека Шведска исто така нема никакви шанси да ја победи.
Еве го решението на равенката
На гласањето на Евровизија секоја земја доделува од 1 до 12 поени, односно вкупно 58 поени. Бидејќи гласаат претставници на жиријата од 41 земји, помножено со 58, се добива вкупно 2378 поени. Запомнете го добро овој број.
Според гласовите од жирито Македонија беше на второто место, со 237 поени, за само 2 поени зад Шведска, додека Холандија беше трета и имаше 231 поен. Е сега по ова гласање следуваат гласовите од публиката што направи дополнителна збрка и многумина не го разбраа.
Овие гласови се собираат на ниво на секоја држава што гласа, а потоа на натпреварувачите им се доделува повторно по истиот принцип од 1 до 12 бодови. Со тоа што оној натпреварувач што во одредена земја има освоено најмногу гласови од публиката во истата таа земја, добива најмногу поени – односно 12. Следниот натпреварувач 11 и се така до 1 поен, додека оние што имале помалку гласови НЕ добиваат поени.
Бидејќи станува збор за истите бројки, и тука секоја земја доделува по 58 гласа, односно вкупно 2378 поени. Што значи, кога останаа да се соопштат гласовите од публиката на Шведска, Македонија и Холандија, претходните 23 натпреварувачи добија вкупно 1966 поени, што значи дека за овие три земји останаа вкупно уште само 412 поени.
Е сега по кратка напнатост Бар Рафели и нејзиниот колега соопштуваат дека Холандија добила 261 бод што ја става на првото место со 492. За Македонија и Шведска остануваат премалку бодови (151) што не се доволни за да ја стигнат Холандија. Значи уште во овој момент се знае кој е победникот, а тоа најверојатно го знаат и водителката и водителот само што не откриваат и ја ложат публиката се повеќе и повеќе.
Истото е и со натпреварувачите – неизвесност кај сите, иако прославата веќе може да започне бидејќи Холандија не може никој да ја стигне. Но ниту претставникот од Холандија се радува, ниту пак на претставниците од Шведска и Македонија им е јасно дека не можат да освојат поени колку што им требаат за да избијат на првото место.
И еве го лудото – Тамара шокирана откако ќе и кажат дека од публиката добила само 58 поени со кои одлета на 8-то место. Но таа иако е видно разочарана, достојно го признава поразот и се заблагодарува на публиката за освоените гласови. Но напнатоста не застанува тука – претставникот од Шведска се уште се надева на победа. А и Холандија се уште не слави, иако веќе некое време е јасно дека тие победуваат.
Но водителката и водителот не се загрижени премногу за тоа и се уште ја ложат публиката. И еуфоријата започнува дури откако ќе ги кажат поените што го освои Шведска, иако однапред истите можеа да се пресметаат.