Откриена СУРОВАТА ВИСТИНА: Се одмотува клопчето – Еве кој ги чува сите работи од домот на Есма
Адвокатката на семејството Реџепови за првпат јавнл проговори за сѐ она што долго ја интересира јавноста, с тоа е што се случува со имотот на кралицата на ромската музика и кај кој се сите нејзини лични работи.
Голем хуманитарец, жена со магичен глас, Есма Реџепова Теодосиевска остави огромен белег на македонската музичка сцена.
Иако поминаа години од нејзиното заминување од овој свет, сепак сѐ уште не се исполнети нејзините барања напишани во тестсментот, нејзината куќа пропаѓа, а и нејзиното вечно почивалиште не е достојно за најголемата ѕвезда во земјава.
Есма е инаку родена на 8 август 1943 година во Скопје. Потекнува од сиромашно семејство и уште од мали нозе била принудена да преземе работни обврски.
Му помагала на својот татко, кој работел како чистач на чевли, а добивала и некој денар за тоа што чекала во ред за да им купи млеко на поимотните скопјанки.
Пресврт во животот доживеала по запознавањето на Стево Теодосиевски, кој кај неа препознал голем талент за пеење и ја поканил да се приклучи во неговиот ансамбл.
Она по што беше исто така препознатлива е што имаше посвоено 48 деца. 47 од нив се синови, а само една е ќерка.
До крајот на својот живот таа доби повеќе од сто внуци и правнуци.
Целиот свој имот Есма го остави на Македонија. Таа постојано велеше дека нејзините пари биле направени од концерти за кои луѓето плаќале билети и затоа своето богатство го остави на народот.
Но, сите сме сведоци, а и во јавноста испливаа неколку снимки, дека домот нa Есма, кој сакаше да биде музеј и во него имаше многу вреддни спомени, сега пропаѓа и е мета на разбојници.
Нејзиниот син, Симеон Атанасов, кој поради тоа што не бил законски посвоен, иако сака да се погрижи и да направи нешто за да се спаси имотот на кралицата на ромската музика, сепак нема право на тоа.
Овој пат пред камерите на „Бекстејџ“ зборуваше и адвокатката Весна Тренкоска која е застапник на семејството Реџепови, а ја покажа и фактурата од лекувањето на Есма.
Истата сѐ уште не е подмирена.
Содржината на тестаментот е јавна, а камо што вели адвокатката, од неа се гледа дека Есма била доста паметна жена, бидејќи оставила извршител на тестаментот.
Но, таа додаде дека извршителот на тестаментот не си ја врши работата како што треба.
Она што сите ги интересираше е каде се вредните предмери од домот на Есма.
Адвокатката вели дека нив ги чуваат наследниците со цел да не се оштетат, се додека не се отвори музејот.
Адвокатката, по исклучувањето на камерата, открила дека трошоците за лечењето на Есма се уште не се платени. За истото приложила и доказ. 873 000 денари изнесува сумата која што никој досега не ја платил,а поминати се пет години од нејзината смрт.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук